ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?
Пред една година, со реторика полна со надеж и силни слогани, Христијан Мицкоски и владината коалиција составена од ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ ја презедоа власта со ветување за „национално будење“.
Кој е вашиот став за работата на владата 12 месеци подоцна?
Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа