• Latest
ДРАГИ ЃЕОРГИЕВ Копретседателот на ова тело веќе не се гледа себе си во таа позиција. Фото: ГЛОБУС

Прашањето на составот на историската комисија допрва ќе ги бранува македонско-бугарските односи

August 29, 2024

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Прашањето на составот на историската комисија допрва ќе ги бранува македонско-бугарските односи

Лично ако мене ме прашувате, мислам дека актуелната мешовита комисија апсолутно не ги оправда очекувањата и не беше заштитник на националните интереси на македонскиот народ – рече премиерот. Оваа констатација секако веќе предизвикува негативни одгласи во Софија

August 29, 2024 13:58
in АНАЛИЗИ, НАУКА, ОПШТЕСТВО
ДРАГИ ЃЕОРГИЕВ Копретседателот на ова тело веќе не се гледа себе си во таа позиција. Фото: ГЛОБУС

ДРАГИ ЃЕОРГИЕВ Копретседателот на ова тело веќе не се гледа себе си во таа позиција. Фото: ГЛОБУС

Share on FacebookShare on Twitter

Изјавата на премиерот Мицкоски дека ќе ја менува Историската комисија, бидејќи сегашната не ги штитела националните интереси ги возбурка духовите, како кај нас, а уште повеќе во Софија. Навистина, премиерот негира дека промените имаат политичка заднина, но вели дека новата влада има право да направи нов избор. Со секој член на ова тело се прават времени договори кои сега истекуваат и ова е секако прилика за тоа новата влада да демонстгрира сила и по ова прашање што е повеќе од кадровско!

Премиерот Христијан Мицкоски на стартот на неделата во изјава за медиумите најави дека во периодот што следи ќе има кадровски промени во Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија. Според него, актулниот состав на зедничката историска комисија од македонска страна не ги оправдала очекувањата и не ги штитела националните интереси. Негира дека промените имаат политичка заднина.

„Лично ако мене ме прашувате, мислам дека актуелната мешовита комисија апсолутно не ги оправда очекувањата и не беше заштитник на националните интереси на македонскиот народ. Инаку, да – логично е кога имате нова влада да има и промени во одредени институции, не гледам тука зошто би имало политика. Нормално е дека нова влада, нови луѓе коишто управуваат со новата влада, да има и кадровски промени. Не гледам тука што е страшно“, изјави Мицкоски, која беше на манифестацијата по повод роденденот на Мајка Тереза.

Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија беше формирана како резултат на Договорот за добрососедство потпишан на 1 август 2017 година. Во состав на комисијата се историчари и професори од двете земји. Македонскиот тим го предводи академик Драги Ѓорѓиев, член на МАНУ и професор на Институтот за национална историја (ИНИ) на УКИМ.

Ко-претседателот на македонската страна во Заедничката македонско-бугарска мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања од македонска страна, Драги Ѓоргиев, потврди дека на 15 септември истекува нивниот мандат во мешовитата македонско-бугарска историска комисија и дека тој нема да потпише нов договор.

„Јас лично веќе и не би го продолжил договорот, но ете и очигледно е дека ќе има промени во Комисијата и дека Владата ќе назначи нови членови, според изјавите на премиерот. Но, искрено и малку се заситивме“, вели академикот во изјава за РСЕ.

На средината на август тој се сретнал со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски за да го запознае со досегашната работа на комисијата, но како што вели, „на средбата не стана збор за промени во составот“. Во комисијата инаку има по седум члена од двете страни.

Комисијата годинава одржала три состаноци и засега нема напредок, се разговара околу прашањата врзани за Средниот век, а на средбите се дискутирало за содржината на учебниците по историја за основното образование кои го третираат периодот Среден век.

За разлика од некои медиуми, инаку провладини, кои тврдат дека Комисијата до сега немала промени треба да се каже дека тоа не е вистина.  Имало и тие не биле мали. Најпрвин, Комисијата од лични причини ја напушти Дарко Стојанов кој го покриваше подрачјето на предисторијата и да речеме не беше дел од спорните прашања. Заради одење во странство тој замина. При еден преоден рок во Комисијата не остана ниту историчарот Александар Лепавцев, кој се смета за стручњак за периодотт на Втората светска војна и оној потоа, а на негово место дојде неговиот колега Исамедин Азизи. Потоа во Комисијата влезе и синот на литературниот критичар и теоретичар Атанас Вангелов – Анастас.

Побурна беше следната смена, кога министерот за надворешни работи Бујар Османи одлучи да се прекине договорот со професорот Ванчо Ѓоргиев, кој беше член на македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања и кој претходно најави оставка од Комисијата, како што напиша, поради директни мешања на висок функционер од МНР во работата на Комисијата. Министерот Османи тогаш најави истрага во врска со обвинувањата на Ѓоргиев, а откако се покажале како неосновани, одлучил да го смени.

Како стручњак за доцно османлискиот период во Комисијата влезе и Димитар Љоровски. Инаку во составот на истата постои член кој ниту еднаш, наводно, не дошол на состаноците, а не е историчар по професија!

Извор: ГЛОБУС

Tags: историската комисијамакедонско-бугарските односи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ