Следната недела можни се нови контакти меѓу руските и американските сојузници, изјави специјалниот економски пратеник на рускиот претседател Владимир Путин, Кирил Дмитриев, кој се врати од Вашингтон.
Тој не кажа за какви прашања би можело да се разговара, ниту за природата на потенцијалните нови контакти.
Дмитриев не е официјално вклучен во билатералните разговори за Украина што Вашингтон ги почна одвоено со Киев и Москва на почетокот на годинава.
Неговите изјави доаѓаат во контекст на зближувањето меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот Владимир Путин.
Дмитриев го посети Вашингтон оваа недела, прва посета на висок руски функционер од почетокот на руската офанзива врз Украина во февруари 2022 година.
Тој ја поздрави „позитивната динамика“ на односите меѓу САД и Русија и покрај тоа што се уште има несогласувања, пренесоа руските медиуми.