„Е мои драги бездомници, кутри сиромашни луѓе кои живеете во политички наметната мизерија. Ене ги ви признаа, дека вашата состојба би му следувала на секој што не е во партија или парламент. Признаа дека поради нив сме мизерија“, пишува Ивор Мицковски на твитер.
Реакциите дојдоа по изјавата на претседателот на Собранието, Талат Џафери, за законот за пратенички привилегии, дека ова во други земји е статусот на пратениците по истекот на мандатот е законски решение и додава дека не може некој четири години да биде пратеник, а потоа храна да бара по контејнери.