• Latest

Правда мора да има, жртвите на режимот не смеат да се заборават

December 21, 2019
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Правда мора да има, жртвите на режимот не смеат да се заборават

December 21, 2019 15:35
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Само гробот е полош од затворот. Првите денови во Шутка не можев да дишам. Бев 27 месеци во Шутка. Секој ден имав претрес скоро саат и пол траеше претресот. Психолошка војна“, изјави Велија Рамковски, поранешен сопственик на А1 телевизија,  отворајќи ја панел дискусијата на ЦИВИЛ „Жртви на режимот – сведоштва и слики“.

Втората говорничка, Лидија Лазова, осудена во случајот „Калдрма“ на 1 декември 2011, раскажа дел од своето искуство во битолскиот затвор, но како продолжува животот понатаму.

„Бев приведена со 86 вработени од патарините и веднаш ни беше одреден притвор. Во Битола бевме испратени 20 колеги, а во една од двете самници бев сместена јас. Самницата беше мала и имаше само простор за железен кревет и ВЦ, внатре беше влажно и студено, имаше и една сијалица колу една свеќа да свети. Барав од командирите повеќе светло да можам барем да читам. По еднаш неделно се бањавме, само по 2-3 круга ќе свртевме во дворчето и веднаш не враќале назад… Ги слушав и машките колеги како плачат и липаат во ќелиите. Морав да издржам сама си реков дека ќе излезам надвор… Откако заврши казната, сите се осеќаме како да сме заробени иако сме на слобода… Видовме дека Владата презема некакви мерки за сите, освен за нас кои бевме жртви на режимот нема ништо направено и ние уште чекаме на правда и правдина“, изјави Лазова.

Љубе Бошкоски преку видео обраќање, меѓудругото истакна дека бил мета на сите режими и тој добро знам какво е чувството да си осуден на правдина.

Бошкоски побара од власта да го ослободи Јане Ченто кој е осуден за терорзам по упадот во Собрание на 27 април, и на негово место да дојде нарачателот, бегалецот Никола Груевски.

„Тој страшливец од Будимпешта се обидува да командува, и новите дечки го следат нивниот будимпетански диктатор.. Јас Зоран Заев го почитувам бидејќи има храброст во најтешкото време да го отстрани ракот на лошото владеење“, рече Бошковски.

„Кога видов кој ќе зборуваат на панелот ми беше малку незгодно да зборувам пред овие великани жртви на режимот, кои платија многу за своите ставови и тоа што им брцаа во око на власта… Себеси не се сметам за жртва… Јас имав привилегија да не поминам ни ден зад решетки, но имаше доволно физичко насилство, присилно апсење…“, изјави Павле Богоевски.

„Јас одлучив да не носам маска во сите постапки и активности бидејќи сакав да се знае моето име и мојот лик. Јас не се чувствувам дека сум бил жртва на режимот. Јас имав привилегија да не поминам ниту еден ден зад решетки, освен многу физички напади, последното беше на 27 парил во Собранието… Не споредливо е тоа да не можеш да ги видиш ѕвездите, или да спиеш на мокри ѕидови на ладно, но језиво е кога ќе одиш до продавница не знаеш дали некој те гледа за да те претепа или да ти подаде рака“, рече меѓудругото Богоевски.

Ване Цветанов, јавно упати прашање до Христијан Мицковски: Зошто се прават списоци за линч и што ќе се преземе доколку излезат докази во јавноста, во надеж дека јавноста ќе добие одговор.

„Во последните неколу години се заборавија жртвите на режимот, и мора да се смени нешто освен правење на дебати. Мора да видиме реформи во судството и во полицијата, ние не видовме ниту еден притворен полицаец кој во минатото ги пречекоруваа своите овластвувања..Ние кои бевме жртви на режимот бараме правда – не бараме милост“, истакна Цветанов.

Тмислав Кежаровски, како жртва на режимот изјави дека тие, жртвите, се тука да не се заборави, да ги чуваат сеќавањата… и да му се спротивстават на тоталитарниот режим.

„Сега чувствувам како да сакаат ние да исчезнеме. Сепак ние сме тука да ги чуваме тие сеќавања и да му се спротивставиме на тоталитарниот режим… Зборот режим стана забранет збор, никој не го спомнува повеќе… После една минута помината во затвор, веќе не си истиот човек.

Без оглед на се, колку и да имам притисиоци јас ќе се борам до крај.  Во моето CV нема никогаш да пишува – Се предавам!“, изјави Кежаровски.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ