Благодарение на притисокот од многу организации од целиот свет, Кемал Ордек, една од основачите на здружението „Црвениот Чадор“, конечно успеа да се избори за процесирање на својот случај. Ордек била нападната и силувана во својот дом во јули 2015 година.
По подолг период на игнорирање од Кривичниот суд во Анкара, случајот за намерен физички напад, сексуален напад, кражба, закана и спречување нечија слобода, сепак, допре до правните органи во земјата.
На првото рочиште во регионалниот суд, кое се одржало на 2-ри март годинава, Кривичниот суд донесе одлука за казнување на напаѓачите кои ја силувале Ордек во Анкара, во нејзиниот дом. Осомничените се осудени на казни од речиси 20 години затвор.