• Latest

Правила и прилагодувања во услови на полициски час

April 9, 2020
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
Фото: Претседател на Украина

Најголемиот корупциски скандал во претседателството на Зеленски доаѓа од внатрешните кругови

November 13, 2025

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Правила и прилагодувања во услови на полициски час

April 9, 2020 08:09
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните, институциите, стопанството… во целата држава се прилагодуваат на дополнитените забрани за движење на цела територија, откако стапија во сила новите поригорозни мерки на Владата за спречување на ширењето на коронавирусот. Возрасните над 67 години и младите лица до 18 години можат да излегуваат само по два часа дневно, од 10 до 12 часот односно од 13 до 15 часот,  во работните денови, а по 16 часот до пет часот наутро за сите важи полицискиот час, кој се применува и во тек на цел викенд.

Како што беше појаснето вчера на првата видеоинформативна сесија на Владата на тема „Ограничено движење“ граѓаните кои имаат потреба од итна медициска помош за време на полициски час, можат без никаква дозвола да појдат до здравствена установа. Доколку бидат запрени од полиција потребно е да кажат каде одат, а доколку пак тоа го злоупотребат ќе следат санкции.

Едно од ограничувањата во тек на полицискиот час и прогласената вонредна состојба е тоа што повеќе од тројца патници, вклучително и возачот не смеат да се возат во ист автомобил. Патниците во автомобилот треба да имаат заштитна опрема, ракавици и маска.

Во соработка со Град Скопје ќе се организира превоз со возила на ЈСП и со други возила за лицата што имаат дозволи  и одат на работа во време на забрана за движење, пред сè, за вработените во здравствени установи и Клиничкиот центар, кои не можат сами  да се организираат додека трае полицискиот час.Ќе биде објавена точна маршрута по која ќе се движат возилата што ќе ги користат вработените со дозволи за движење, а турите ќе завршуваат пред здравствените установи. Ќе бидат организирани и во други градови и притоа ќе покриваат што поголема територија.

Во однос на такси-превозот,  во Скопје се организирани дежурни такси-возила кои може да  превезуваат граѓани од нивниот дом до некоја здравствена установа во време на полициски час ако имаат потреба, и оние граѓани кои имаат дозвола за движење.

Според најавите, пријавите за достава на храна од страна на заинтересирани маркети и ресторани ќе оди преку општинските кризни штабови, а ги координира тело во Владата каде што за доставувачите се објавени контакти на сите општински кризни штабови.

Министерството за информатичко општество и администрација вчера пушти во употреба нова електронска услуга за секој граѓанин да се пријави за потребна дозвола за движење во време на забрана,  преку порталот uslugi.gov. mk, наместо како досега со праќање мејл до МИОА.  Воведена е уште една нова категорија дозволи – за регистрирани одгледувачи на кучиња за секојдневно хранење на животните, а кои не ги чуваат дома. За одгледувачите ќе имаат списоци преку Кинолошкиот сојуз. Дозволите што ги издава МИОА се за неограничено движење и се однесуваат претежно на претставници на институциите што имаат потреба да се движат во забрана за движење, потоа за медиуми на терен (репортери),  вработени во мали пекари т.е. производствени погони за храна со помалку од пет вработени, за вработени во погребални претпријатија, а преку  подрачни единици на МЗШВ се добиваат списоци за категории земјоделци што имаат потреба да работат на нивните ниви. Исто така, има дозволи и за физички лица за нега на други лица што не можат сами да се грижат.

Според Одлуката на Владата, се забранува движењето на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што дозволено е родител да биде во поголема група со своите деца до 14 години. Посебен режим на движење има и за лицата со попреченост. Тие имаат право да ги напуштаат нивните домови од понеделник во петок во период од 19 до 20 часот, додека за време на викедот од 11 до 13 часот. Мерката за дозвола на движење за лицата со попреченост се однесува и на лицата што ги придружуваат овие граѓани за време на дозволеното движење во наведените временски периоди.

Компаниите кои вршат дејност производство и имаат производни погони, хали и слично, каде непосредно се врши производниот процес, пак, треба да го лимитираат  бројот на вработени за работниците да бидат на растојание од еден и пол до два метра, а вработените да не ги менуваат работните места и во самиот погон задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на раце и работни површини. Тоа се дел од новите мерки кои ги донесе вчера Владата за фирмите и препорача за време на работниот процес од страна на вработените да се почитуваат општите препорачани мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена.

Земјоделците, пак, што имаат работни обврски на своите земјоделски површини на фармите, а кои се наоѓаат во атарот на селото во кое живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење. Оние чиишто земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото/градот каде што живеат и треба да патуваат од едно во друго село, да сообраќаат по регионален пат, а имаат работни обврски поврзани со производството, задолжително треба да извадат дозвола за движење.

Како и приватниот, така и јавниот сектор го прилагоди работното време на новите услови. Од Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата, министерства и другите органи на државната управа, се изземени вработените во Министерството за внатрешни работи и Царинската управа, со цел работното време за вработените лица во овие институции да биде осум часа, а надоместот за извршена прекувремена работа да биде исплатен по изминати осум часа работа.

На граѓаните кои имаат домашни миленичиња (куче), им се дозволува од понеделник до петок да може да ги изнесуваат надвор од своите домови, во вечерните часови во времетраење од 30 минути, почнувајќи од 20 часот до 20 часот, а во сабота и недела, наутро од 8 часот до 8:30 часот, попладне од 15 часот до 15:30 часот и во вечерните часови од 20 часот до 20:30 часот,  најмногу до 100 метри од објектот во кој живеат.

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје го прилагоди работењето на новите ограничувања и од денеска па секој работен ден, јавниот превоз ќе функционира од 5 до 9 часот, па од 13 до 16 часот, односно од 9 до 13 часот автобуси нема да сообраќаат. Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 часот кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред. Во тек на полицискиот час за викендите ќе немајавен превоз, ниту ќе работат билетарниците и центрите за персонализација.

Извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ