Советот за безбедност на Обединети нации разгледува предлог резолуција, со која се инсистира какви било одлуки за статусот на Еруслим да немаат правен ефект и да мора да бидат поништени.
Предлог резолуцијата ја поднесе Египет и е напишана на една страница и не се спомнуваат ниту САД ниту американскиот претседател Доналд Трамп, кој неодамна го призна Ерусалим за главен град на Израел.
Со предлог резолуцијата се апелира до сите држави да се воздржат од отворање на дипломатски мисии во Ерусалим во согласност со резолуцијата 478 на СБ.
Се претпоставува дека САД ќе стават вето на предлог резолуцијата, за која најверојатно ќе се гласа на почеток на следната недела, За усвојување на резолуцијата потребни се девет гласови „за“ и да не биде прифатено вето од ниту една земја од петте постојани членки во СБ.
Одлуката на Трамп за признавање на Ерусалим за главен град на Израел предизвика протести и судири помеѓу Палестинците и израелските сили, во кои загинаа најмалку осум лица загинаа, а стотици се повредени.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.