Социјалниот центар „Дуња“ денеска организира Предновогодишна солидарна акција за децата без родители од 12 до 18 часот.
Сите хумани граѓани имаат можност во просториите на „Дуња“ да донираат за децата без родители од домот „11 Октомври“.
Дедо Мраз и Баба Мразица ги посетија во 14 часот и заеднички со дечињата од креативниот центар „Никулец“, прочитаа делови од една од најсаканите книги за деца, Хари Потер.
Исто така ќе се собираат донации и за други ранливи категории деца кои би дошле во „Дуња“ на текот на денешниот ден.
Тие повикуваат на солидарност со децата и нудат можност за донирање на работи што би им користеле.
В.Махмути