• Latest
Словенечкиот амбасадот, Милан Предан, извор: Радио Слободна Европа

Предан за РСЕ: Време е Северна Македонија да испрати амбасадор во Софија

December 19, 2021

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
Фото: Архива

Политико: Унгарија подготвува нов „антиукраински сојуз“ во ЕУ со Чешка и Словачка

October 28, 2025

ЕУ во 2024 година обезбедила 31,7 милијарди евра за климатските активности на земјите во развој

October 28, 2025

Еуроактив: Србија меѓу демократијата и литиумот

October 28, 2025

Додик не се откажува од референдум, засега се пречка „Муслиманите кои не знаат да прават ништо без Србите“

October 28, 2025
Фото: УНХЦР

Суданската армија го изгуби клучниот град од паравоените сили на RSF, ОН алармира за етнички мотивирани злосторства извршени од страна на RSF

October 28, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Во Кавадарци роденденот завршил со убиство – обвинение против 43-годишник што го убил брат му од користољубие

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Предан за РСЕ: Време е Северна Македонија да испрати амбасадор во Софија

December 19, 2021 16:52
in ИНТЕРВЈУ, РЕГИОН
Словенечкиот амбасадот, Милан Предан, извор: Радио Слободна Европа

Словенечкиот амбасадот, Милан Предан, извор: Радио Слободна Европа

Share on FacebookShare on Twitter

Словенечкиот амбасадор Милан Предан во интервју за Радио Слободна Европа вели дека е време Северна Македонија конечно да испрати амбасадор во Софија.

-Мислам дека тоа секако не помогна, да се нема амбасадор и силно дипломатско претставништво во Софија, секако беше причина што можеби комуникацијата не беше како што треба, и не треба да биде кој било. Сега на оваа земја ѝ треба навистина искусен дипломат кој ќе биде во секојдневен контакт со новата влада, бидејќи ова е единствениот начин да се постигне договор и можеби ова е единствениот начин да се скрати времето. Новата влада на Петков зборува за шест месеци, нагласува во интервјуто за РСЕ Предан, чија земја е актуелен претседавач на Унијата.

За договорот од девет точки на бугарскиот премиер Кирил Петков со коалициските партнери во Владата за позицијата кон Скопје, Предан не сакаше да дава коментари, но смета дека има позитивни објави од бугарската страна што некако најавува попрагматичен пристап.

-Во ред, мора да видиме како ќе се развиваат работите. Мислам дека е многу важно овој дијалог со новата бугарска влада да започне што е можно поскоро, бидејќи за да се постигне договор на ниво на ЕУ ќе биде потребен компромис на билатерално ниво. Сега како што споменавме имаме малку несреќна ситуација повторно. Имаме влада во Софија, но, имаме ситуација во оваа земја каде премиерот ќе поднесе оставка што значи дека целата влада ќе поднесе оставка. Ќе имаме тотално нова ситуација и ќе биде потребен најмалку еден месец да се формира нова влада, што значи дека повторно ќе загубиме некое време, вели Предан и додава дека ќе добро новата Влада во Скопје до крајот на јануари да биде веќе поставена.

Нагласува дека за решаавање на спорот е потребен дијалог и оти се целосно свесни дека нема да биде лесна задача, да се дојде до договор на навистина тешки прашања. Вели дека ако се смени пристапот, кој го најави и Петков, фокусот наместо на историјата да биде на сегашноста и иднината, на инфраструктура, култура, медиуми, образование, тогаш шансите се поголеми. -Ако има добар договор за овие области тогаш можеби ова ќе ја смени атмосферата и ќе има поголема взаемна доверба, вели Предан.

Во врска со македонските учебници и бугарските фашисти во нив и дали е прифатливо вакво прашање да се отвора во ЕУ, Предан нагласува дека е јасно на кои вредности се темели Унијата, поствоена Европа е изградена и поделбата на историјата на Втората светска војна секако не е меѓу тие вредности.

Сепак вели имало и други примери во Европа кога поделбата на учебниците бил еден од многу важните делови на помирувањето меѓу Германија и Франција по Втората светска војна. -Мислам дека оваа тема за учебниците не треба да биде политичко табу. Мислам ова е прашање за кое исто така треба да се разговара. Но, како што кажав, зборуваме за учебници на двете страни. Не само на една страна, нагласува Предан.

Во врска со последната одлука на Советот за општи работи на ЕУ, кој и овој пат не даде зелено светло, но повика на поскоро одобрување на преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија, Предан смета дека позитивно е тоа што заклучоците за проширувањето биле усвоени, за разлика од минатата година, кога тоа не се случило, што значи дека процесот на проширување е се уште жив.

Потсети дека на почетокот на претседавањето на Словенија со ЕУ тој нагласил дека не може да ветат чуда, имајќи ги предвид сите околности, но напомена дека Словенија работела напорно на ова прашање и сторила сè што можела во оваа моментална ситуација со цел да ги туркаат овие работи напред. Предан појаснува дека околностите во двете земји не оделе во прилог на пронаоѓање брзи решенија, имајќи ги предвид изборите во Бугарија и тие во Северна Македонија.

Тој изрази уверување дека словенечкото претседателство го подготвивме теренот за претстојното француско претседателство, кое почнува од 1 јануари, да оствари напредок.

-Претседателот Макрон веќе објави дека е подготвен да свика конференција на крајот на нивното претседателство на односите меѓу ЕУ и Западен Балкан и имавме најава од Французите дека и тие ќе занимаваат со ова прашање. И покрај ситуацијата во која ќе бидат со претседателските избори во април, мислам дека препознаа колку е важно да се направи овој процес на проширувањето сигурен и да се одржи жив, нагласи Предан, кој истакна дека тој не е запознаен дали има француска иницијатива за надминување на спорот меѓу Софија и Скопје, но напомена дека Париз изразил подготвеност да помогне во процесот. / МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ