• Latest

Предизборие во новата нормалност, кодекс, мониторинг, финансирање…

June 23, 2020

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

July 1, 2025

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Предизборие во новата нормалност, кодекс, мониторинг, финансирање…

June 23, 2020 18:06
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата, Државната Изборна Комисија и другите релевантни институции интензивно се припремаат за претстојните предвремени парламентарни избори што ќе се одржат на 15 јули. Се носат нови уредби, протоколи и препораки во однос на новата ситуација во којашто ќе се одржат изборите, односно, во согласност со потребите што ги наметнува пандемијата. Од редовни предизборни активности како што е потпишување од партиите на Кодексот за фер, демократски и слободни избори, до нови услови за простор за гласање, медиумско рекламирање, до кратење на финансиски средства на партиите…

КОДЕКС Претседателите на подмладоците на 33 политички партии денеска потпишаа Декларација за фер, слободни и демократски избори, со што ја покажуваат својата заложба за спроведување слободни, фер и демократски избори и достоинствена и фер предизборна кампања, а воедно и својата решителност да се борат против говорот на омраза и да промовираат намалување и отстранување на говорот на омраза во општеството.

Чинот на потпишување на Декларацијата е традиционален настан кој се одржува пред секои избори. Декларацијата за фер, слободни и демократски избори за прв пат беше потпишана во 2014.

Потпишувањето на оваа Декларација треба да пренесе јасна порака до целата македонска јавност дека младите политичари како идни носители на одлуки, имаат силна волја, капацитет и одлучност да бидат идни лидери и да создадат поинаква политичка култура, издигнувајќи го политичкиот дијалог на повисоко ниво.

Претставници на политичките партии и коалиции на претстојните предвремени парламентарни избори на 15 јули во Државната изборна комисија (ДИК) потпишаа Кодекс за фер и демократски избори на 18 јуни.

Апелите од ДИК и од претставниците на учесниците на изборите се исто така насочени кон почитување на мерките за заштита од Ковид -19.

Претставниците на помалите партии побараа партиите да ги вратат парите за изборите и да им се дозволи зголемување на минутажата за нивно претставување во медиумите.

ЛИСТИ Пред прекинот на изборните дејствија во март, ДИК ги потврди листите на 15 коалиции и партии со 1.598 кандидати, а го утврди и изгледот на гласачкото ливче.

Со свои кандидатски листи во сите шест изборни единици ќе учествуваат  ДУИ, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ и Беса, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „Обнова на Македонија“, политичката партија ИНТЕГРА, „Никогаш северна, секогаш Македонија“, Демократи, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Левица и Работничката партија и ДПА.

СДУ, ГДУ и Глас за Македонија нема да учествуваат во „шестката“, односно поднесоа листи само за изборните единици 1, 2, 3, 4 и 5. „Твоја партија“ доставила кандидатски листи за изборните единици 1, 2 и 5.

ФИНАНСИРАЊЕ Владата донесе уредба со законска сила за финансирање на политичките партии во 2020 година, со која, согласно Законот за финансирање на политичките партии, вкупните средства за годишно финансирање на политичките партии се намалуваат и ќе изнесуваат 0,04 проценти наместо од 0,15 проценти од вкупните изворни приходи на Буџетот на Република Северна Македонија со цел спречување на дополнително оптоварување на Буџетот и како една од економските мерки кои се преземаат за справување со последиците од коронавирусот КОВИД-19.

Ова подразбира дека наместо 4 милиони евра, партиите ќе добијат малку повеќе од 1 милион евра, а средствата ќе бидат пренаменети во буџетот за справување со последиците од пандемијата.

ПРИЈАВУВАЊЕ Вработените во јавниот сектор од денеска ќе може да пријавуваат притисоци во предизборен период на алатка која е поставена на веб страницата на Министерството за информатичко општество и администрација.

Ресорниот министер Дамјан Манчевски апелира до вработените во јавниот сектор да ја користат алатката  и да пријават евентуален притисок.

Целта на оваа алатка е да се обезбедат и гарантираат сите предуслови за фер и демократски избори. Пријавувањето е анонимно, но доколку лицето кое пријавува сака да ги сподели исвоите лични податоци  тие ќе бидат заштитени согласно Законот  за заштит ана личните податоци  и за тоа веќе се преземени соодветни технички  и организациски мерки.

На претходните изборини процеси и реферндумот преку ваквата алатка имало најмногу 10 пријави, повеќе од половина од нив биле несоодветни, а сите што требало биле препратени во соодветната институција, рече во одговор на новинарско прашање Манчевски.

МОНИТОРИНГ ЦИВИЛ веќе  започна со долгорочниот мониторинг на изборниот процес. Од долгогодишното искуство со изборниот мониторинг, и во овој изборен процес организацијата упати повик до сите граѓанки и граѓани да пријават евентуални нерегуларности во предизборниот период, како и на денот на изборите. Затоа, независно во кој формат ќе пристигнат: фотографија, видео, постови на социјални мрежи и друг вид комуникации, лично сведоштво или случка, се добредојдени.

Сите што сакаат да помогнат во изборниот мониторинг можат да се вклучат како долгорочни и краткорочни набљудувачи на ЦИВИЛ. Во тек е и повикот за аплицирање за краткорочни набљудувачи, чиј рок истекува в петок, на полноќ. (ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈАТА)

Независно од тоа дали се поврзани со ЦИВИЛ како соработници, членови и поддржувачи, учесници на семинарите за граѓанско новинарство или пак веќе учествувале во изборните процеси како наши набљудувачи, сите свесни и совесни граѓанки и граѓани, здруженија, организации, па дури и институции, можат да придонесат кон одбрана на правото на глас и да ја алармираат јавноста и релевантните институции за нерегуларностите и на тој начин да помогнат изборниот процес да биде слободен, фер и демократски. Целото општество е повикано во борбата за искоренување на говорот на омраза и лажните вести, пред последиците од нив да бидат несогледливи.

Пријавите може да се испраќаат во порака по електронска пошта ([email protected]), Фејсбук, по телефон (02 / 5209 176), на онлајн пријавата за изборни нерегуларности или лично во седиштето на организацијата во Скопје.

ИЗБИРАЧКИ МЕСТА Владата на вчерашната седница донесе измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија на 15 јули 2020 година со дополнителен Член 5-а, со кој се утврдува дека доколку не се исполнети просторните услови на просторијата во која е сместено избирачкото место или просторијата каде што треба да се спроведува гласањето ДИК може да определи друг соодветен простор кој ги исполнува условите за спроведување на гласањето.

Со измените на оваа Уредба, се регулираат и правилата за платено политичко рекламирање за политичките партии, како и правилата за обврската на медиумите за бесплатно да ги емитуваат информативните и едукативните кампањи на Државната изборна комисија, кои се определуваат во траење од 30 секунди на секој час.

Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на претседателката на Самитот на НАТО?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ