• Latest

Предлог буџетот за 2025 оди во Собрание

November 1, 2024

ДИК: Поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи за советници, најмногу за Град Скопје

September 14, 2025
Фото: Фејсбук Орце Ѓорѓиевски

Скопје гори – Орце си тера предизборна кампања

September 14, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Хаотично заебавање

September 14, 2025

Вината за пожарите Мицкоски ја гледа кај некои центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Жителка на Трубарево заврши во болница, директорот на ЦУК, полицаец и војник на домашно лекување

September 14, 2025

Наместо политички спинови, Филипче понуди конкретен кризен план по пожарот во Трубарево, мерките да ги прифатат институциите

September 14, 2025

Обвинителството го истражува пожарот во Трубарево

September 14, 2025

ВМРО-ДПМНЕ обвинува без докази и аргументи: СДС(М) и ДУИ палат депонии – Филипче:Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови

September 14, 2025

ЗНМ со насоки за новинарите за безбедно известување од пожари

September 14, 2025

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Предлог буџетот за 2025 оди во Собрание

November 1, 2024 14:23
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Стапката на раст ја темелиме на реални инвестиции, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, ветувајќи реална реализација на планираните 50 милијарди денари за капитални инвестиции со Предлог-буџетот за 2025 година, што денеска ќе биде доставен до Собранието.

– Буџетот вклучува 50 милијарди денари, односно 830-40 милиони евра за капитални инвестиции. Коридорите 8 и 10 Д, каде министерот репреговара во насока на тоа да имаме реална реализација, се еден од приоритетите,  исто така и општините, а приоритет се и проектите за финансирање на енергетска ефикасност, за олеснување на трговија и транспорт во Западен Балкан, за администрирање на социјалното осигурување, за модернизација на земјоделството, регионален проект за отпад, за подобрување на водна инфраструктура, реконструкција на казнено-поправни установи.  Во Образование, покрај обнова на студентските домови во преговори сме за доизградба на училишта и спортски сали, изјави Димитриеска Кочоска по брифингот со медиумите.

Коментирајќи ги сомнежите во однос на остварувањето на процентот на БДП од 3,7 проценти, изнесе податоци за претходните години и  аргументи за плановите за следната година, потенцирајќи дека реалните инвестиции во годините наназад не изнесувале повеќе од 15 милијарди денари.

-Во 2022 година во делот на капитални инвестиции сме имале 18 милијарди денари реализација, меѓутоа таа реализација кога ќе тргнете да ја анализирате нагоре се во суштина класични трансфери коишто се префрлани до јавни претпријатија и акционерски друштва при што во овој дел 14 милијарди не се влезени оние паднати гаранции. Знаете колку била реализацијата на капиталните инвестиции во 2022 година, и ако на тоа или од тој износ го одземете овој ќе видите колку е реалната реализација на капиталните инвестиции. Морам да напоменам дека има и многу капитални трансфери коишто исто така се направени за некакви нефинансиски или нематеријални вложувања и тоа е веќе прашање исто така каков тип на инвестиции се, дали дава некаква дополнителна вредност, рече министерката за финансии.

Во 2023 година, како што дополни, иако во планот биле буџетирани 17 милијарди се завршува со 23 милијарди повторно на вакви инвестиции, односно евидентирани како инвестиции кои во реалноста завршувале за плати, за набавка на репроматеријали итн. И плус на ова додадете ги повторно паднатите гаранции коишто ги имаме во износ поголем од пет милијарди денари и две милијарди на општините трансфер на крајот на 2023 коишто до овој момент имаат премногу слаба реализација. Кога ќе ги соберете математиките ќе видите дека ние реално во годините не сме инвестирале повеќе од 15 милијарди денари реално.

– За споредба, во  2025 година такви работи нема. Трансфери за ЕСМ нема, трансфери во однос на одредени јавни претпријатија се предвидени, но во многу помал износ или се пренасочени на други ставки, а не да ги „билдаме“ капиталните, што значи дека она што го гледате како 50 милијарди денари се реални инвестиции, рече Димитриеска Кочоска.

Според неа, проектите за изградбата на автопатот Скопје-Блаце и Кичево-Букојчани покажуваат дека во минатото немало никаков интерес за реализација на капитални инвестиции.

– Она што бев многу шокирана изминативе денови беше тоа дека имаме одобрено средства за изградба на Скопје – Блаце и Букојчани – Кичево, што се поразлични кредити од она што е сега проектот за Коридорот 8 и Коридорот 10, одобрени уште во 2021 година и се поставува прашањето зошто не се почнало со реализација на тие проекти. Кој е виновен за тоа? Парите се одобрени, едниот од ЕИБ, а другиот беше чинам од ЕБРД. Значи, два проекти 3-4 години наназад одобрени заедно во соработка со претходната влада. Ова само покажува дека воопшто немало никаков интерес за реализација на капитални инвестиции. Многу било полесно овие 23 милијарди, 30 милијарди трансфери кон јавни претпријатија, акционерски друштва, уништувања на тие друштва и денес креирање на дополнителни проблеми. Е тоа е тоа што ние денес го менуваме. Ваквата политика ни донесе стапка на раст таква каква што имавме во минатото, а ние нашата стапка на раст ја темелиме на реални инвестиции, наведе Димитриеска Кочоска.

При проектирањето на Буџетот, имало големи барања од страна на министерствата, а доколку биле вклучени сите барања посочи дека буџетскиот дефицитот ќе изнесувал 13,5 проценти односно над две милијарди евра.

Имаме, информираше министерката, 3,5 милијарди зголемување на ставката на плати, 2 милијарди зголемување во блок дотации, кои се за образование повеќе, во делот на Фондот за здравство зголемување од 5,2 милијарди денари, кои треба да ги обезбедат дополнително платите на здравствените работници и плус на тоа има бафер од 2 милијарди денари во функции на држава, средства коишто ќе можеме да ги спуштиме откако ќе знаеме што е постигнато и договорено на Социо-економскиот совет којшто го предводи министерот за економија.

Планирани се 15 милијарди денари зголемување на ставката на пензии, уште 2 милијарди денари зголемување кон Фондот за здравствео осигурување по овој основ. Тоа се средства коишто како растат пензиите така треба како процент да се зголемуваат и кон Фондот за здравствено осигурување.  Кај социјалните трансфери  има околу 500 милиони денари зголемување во однос на ребалансот на Буџетот, а од проектите коишто треба да ги воспостави Министерството за социјала, министерката за финансии рече дека очекува со воведување на единствен регистар за податоци да има правилно искористување на средствата наменети за социјална помош.

Владата на седница во вторникот го усвои Предлог буџетот за 2025, со проектирани приходи во вредност од 5,8 милијарди евра и расходите 6,5 милијарди евра. По доставувањето во Собранието, следува 10-дневна расправа во матичната Комисија за финансирање и буџет. Буџетскиот дефицит е проектиран на четири проценти, а инфлацијата  2,2 проценти.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Хаотично заебавање

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ