• Latest

Предлог одлуката на Владата за одложување на изборите е во подготовка

March 18, 2020
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Предлог одлуката на Владата за одложување на изборите е во подготовка

March 18, 2020 17:14
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Предвремените парламентарни избори на 12 април, по состојбата со ширењето на Ковид-19, ќе се одложат, по барање на политичките партии на лидерската средба кај претседателот Пендаровски. Околу правниот аспект околу кој се собрааа правните експерти, претседателот на Собранието, Талат Џафери , на денешното обраќање пред јавноста објасни дека констатирале дека  предусловите за одржување предвремени избори врз основа на одлуката за распуштање на Собранието се невозможни и непотребни.  Тој додаде дека одлуката за одложување на изборите е политичка.

„Од правен аспект со експертите заклучокот е дека Собранието не е во можност да се собере како резултат на претходната одлука за распуштање, со што Собранието го има вратено суверинитетот кај граѓаните од кај што и  го добило.  Во тој контекст предлогот беше дека е неопходно да се објави вонредна состојба која што ќе им овозможи на други надлежни институции соодветно да функционираат во согласност со новонастанатата ситуација. Со одлуката, ингеренциите на Собранието преминуваат во надлежност на  Владата.  Јас сум на очекување на предлог одлука од Владата, која не е стигната, таа е во подготовка.

Ќе бидете информирани кога ќе ја добијам. Истата предлог одлука врз основа на Уставот член 125 став 4 поради општата констатација дека Соибранието не може да се собере ќе биде упатено до претседателот на државата да постапи по соодветното барање како што е пропишано. Се надевам дека претседателот во рамки на она што е пропишано ќе постави согласно проценката и оценката на ситуацијата. Собранието не може да се собере и поради мерката за забрана за собирање на голема група во една затворена просторија… Другите процедури околку изборите ќе ги регулира Владата“, истакна Џафери.

*

Државната изборна комисија денеска ја одржа 64 седница на која ги потврдија  Листите за предлагање на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија на Коалицијата Можеме, Коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива, Демократска партија на албанците, СДУ – Скопје и Народна партија на Ромите, за Предвремените парламентарни избори 2020 година.

Д.Т.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ