• Latest

Предлог – законот за Антикорупциска по скратена постапка и со европско знаменце

January 16, 2019

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Предлог – законот за Антикорупциска по скратена постапка и со европско знаменце

January 16, 2019 08:42
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На вчерашната 115 редовна седница на Владата на Република Македонија донесе одлука на Собранието на РМ да му предложи Предлог-законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси да се донесе по скратена постапка и со европско знаменце за да се донесе колку што е можно побргу со цел зајакнување на ефикасноста и независноста на Државната комисија за спречување на корупцијата и зајакнување на правната и институционална антикорупциска рамка за поефикасна превенција и борба против корупцијата.

На седницата на Владата беше разгледан и утврден новиот текст на Предлог – законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донесе одлука да го достави до Собранието на Република Македонија согласно член 137 од деловникот на законодавниот дом.

На оваа седница на дневен ред на Владата се најдоа повеќе годишни програми и финансиски планови за работа за 2019 година на повеќе министерства, органи во состав, агенции и јавни претпријатија.

На предлог на Министерството за економија Владата го донесе новиот текст на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2019 година, како и Програмата за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата за 2019 година.

Во рамките на надлежностите на ова министерство денеска се усвоени и Програмата за заштита на потрошувачите за периодот 2019-2020 година, како и Програмата за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи.

Исто така, усвоени се и Програмата за развој на туризмот на Република Македонија за 2019, а беше разгледана и Информацијата за основање на туристичка развојна зона – Матка во Општина Сарај, со препорака Град Скопје во рок од 30 дена да обезбеди постоечка документација за изградба на Спортско рекреативен центар Езеро Треска во

Општина Сарај, а Министерството за економија во рок од 4 месеци до Влада на Република Македонија да достави Информација за текот на активностите за основање на туристичка развојна зона – Езеро Треска во Општина Сарај.

На оваа седница Владата даде согласност за Годишната програма со Финансискиот план за 2019 година на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.

На предлог на Агенцијата за млади и спорт, Владата го разгледа и донесе новиот текст на Програмата за развој на спорт и млади за 2019 година, како и Предлог – програмата за распределба на средства од игри на среќа и забавни игри за 2019 година за финансирање на националните спортски федерации и проекти на Агенцијата за млади и спорт за унапредување на спортот во Република Македонија.

Владата го разгледа и даде согласност за Годишната програма за реализација на Стратешкиот план на Агенцијата за катастар на недвижности за 2019 година, а на предлог на Министерството за транспорт и врски Владата ја усвои Годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко – планска документација и урбанистичко – проектни документации за 2019 година, како и Годишната програма за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Македонија за 2019 година.

Министерство за животна средина и просторно планирање денеска ги предложи, а Владата на РМ ги усвои Годишната програмата за заштита на природата и Програмата за унапредување на животната средина за 2019 година.

На предлог на Министерство за локална самоуправа на денешната седница Владата ја донесе Програмата за рамномерен регионален развој во 2019 година.

Владата ги донесе и Програмите за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2019 година, и за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица за 2019 година.

На денешната 115-та седница, Владата на Република Македонија го разгледа и усвои Извештајот за извршени преговори со усогласен текст на Анексот на Дополнителниот Протокол за интензивирање на соработката во борбата

против трговијата со луѓе преку државната граница и за подобрување на идентификација, известување, упатување и помогнато враќање на жртвите и можните жртви на трговија со луѓе што го надополнува Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Советот на Министри на Република Албанија за соработка во борбата против тероризмот, организираниот криминал, недозволената трговија со наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, илегална миграција и други нелегални активности, со Анекс за Дополнителен Протокол за интензивирање на соработката во борбата против трговијата со луѓе преку државната граница на двете земји.

Владата го прифати усогласениот нов текст на Меморандумот за разбирање меѓу Министерството за образование и наука на Република Македонија и Министерството за образование и наука на Република Казахстан во областа на образованието и науката.

На оваа своја седница Владата на РМ ја разгледа информација за измена на План за соработка помеѓу Министерството за здравство на Република Македонија и Министерството за здравство на Република Бугарија и го задолжи министерот за здравство да го потпише овој план за соработка меѓу двете земји.

М. И.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ