• Latest

Предлог-законот за субвенциониран студентски оброк на собраниска седница

November 18, 2022
Фото: ВИ

ЦИВИЛ: Русија ја претвори Украина во бојно поле на страдање – светот мора да застане на страната на правдата и човештвото!

July 1, 2025
Марта Кос (Фотографија: Скриншот од видео МИА)

Кос: Европа не може да биде обединета без Западен Балкан

July 1, 2025

Фајнанс тинк за ребалансот на Буџетот: Проектираниот раст на даночните приходи амбициозен

July 1, 2025

Четириесетти неуспех за конституирање на косовското собрание

July 1, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Трамп ќе ги крати субвенциите за компаниите на Маск за да заштеди пари

July 1, 2025
Фотографија: Wikipedia

Источна Европа со мински полиња во одбрана од Русија

July 1, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Оливер Андонов за ЦИВИЛ: НАТО неминовно мора да ја засили поддршката за Украина во нејзината одбрана од руската агресија

July 1, 2025

Данска го презема претседателството со ЕУ со фокус на вооружувањето, конкуретноста, миграциите и климатските промени

July 1, 2025

Транспаренси интернешнл: Паравоени разузнавачки служби како знак на отворена диктатура, владата на Република Српска воведува паралелни институции за зачувување на режимот

July 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на Channels Television

 Омбудсманот Лубинец: Внатрешната анализа на ОН покажа дека Русија е одговорна за експлозијата во затворот Оленовка во 2022, во која загинаа над 50  украински воени заробеници

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Предлог-законот за субвенциониран студентски оброк на собраниска седница

November 18, 2022 10:18
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Предлог на закон за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк, по скратена постапка, е на дневен ред на продолжението на 91. седница на Собранието на Северна Македонија.

Со Предлог-законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк се предвидува до 15 март идната година на секој студент во државата да му се исплаќаат по 120 денари за оброк или 2.400 денари месечно.

Предлагачи на Законот се пратениците Даниела Колева, Даниела Николова, Драгица Ѓавочанова, Емилија Рамбабова, Жаклина Лазаревска, Зекир Рамчиловиќ, Лидија Тасевска, Љатифе Шиковска, Марија Костадинова, Марија Кочовска, Моника Зајкова, Мухамет Кадриов и Санела Шкријељ.

Жаклина Лазаревска од СДСМ во образложението на предложеното законско решение, вчера на собраниската комисија за финансирање и буџет рече дека станува збор за преодно решение за продолжување на исплатата на субвенционираниот студентски оброк со истите услови како и досега со траење до март 2023 година. Предвидува сите студенти кои и досега земале и ги исполнуваат условите со сегашното решение да продолжат да земаат 120 денари за студентски оброк до 15 март 2023 година, а потоа да се изгласа ново решение во договор на работната група, рече и додаде дека тоа произлезе од средбата со претставниците на студентските сојузи во Собранието.

Студентите, како што беше посочено, треба да добијат посебни платежни картички кои ќе можат да ги користат само за студентски оброк во одредени локали. Ќе има ретроактивна исплата на субвенција за студентски оброк од 15 септември до сега, а ќе бидат вклучени и новозапишаните студенти.

Во текот на расправата не беа прифатени два амандмани – првиот поднесен од опозицијата, а вториот од пратеникот Павле Трајанов од ДС, со кои се предлагаше износот за субвенционираниот студентски оброк да се зголеми од 120 на 160 денари и да се исплаќа до крајот на учебната 2022/23 година.

Од опозицијата обвинија дека со новото законско решение се изигруваат студентите со кои на средбите во Собранието било договорено, како што кажаа, субвенционираниот студентски оброк да биде 140 денари. Порачаа дека нивното амандманско решение претставува барање на студентите и оти тоа претставува само вклучување на инфлацијата од 30 отсто која ја има во прехранбениот сектор во сумата која и досега се исплаќаше.

Собранието на Северна Македонија денеска ќе го одржи и продолжението на седниците 73 и 79.

На продолжението на 73-та седница на дневен ред меѓудругото се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, Предлог на закон за ратификација на Конвенцијата за договорите за избор на надлежен суд, Предлог на закон за изменување на Законот за платите на судиите, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување на Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Македонија, по скратена постапка.

На истата седница се очекува да бидат разгледани Предлог на закон за изменување на Законот за сигурност во железничкиот систем, по скратена постапка, како и Предлог на закон за задолжување на Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на Регионалниот проект за цврст отпад, по скратена постапка.

На продолжението на 79. седница се Предлог на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за основање Културно -информативни центри во Белград и во Скопје.

На седницата ќе бидат разгледан и Предлог на закон за ратификација на Договорот за партнерство помеѓу Северна Македонија, претставена од Министерството за локална самоуправа како партнер и Косово, претставена од Министерството за администрација на локална самоуправа како партнер–лидер за управување со грант Договорот за техничка помош 2019/410-322, под програмата ИПА Северна Македонија–Косово 2014/2020.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ