Премиерот Зоран Заев денеска би требало до Собранието да го испрати предлогот за новите министри. Собранието за овој предлог ќе расправа наредната недела.
Според последните изјави на премиерот, ќе бидат сменети вкупно 8 министри, заменици министри и 20-тина директори на јавни претпријатија.
По изгласувањето во Парламентот, премиерот Заев најави дека продолжуваат со промената на директорските места и да завршат со кадровските промени.
-Верувам дека до крајот на месецот СДСМ ќе ги донесе одлуките за избор на потпретседателите на партијата и мал дел на претседатели на општински организации кои останаа неизбрани, рече Заев кој посочи дека промените се неопходни.