• Latest
Фото: МИА

Преку 200 професионалци од повеќе градови се борат со големиот пожар во Мариово

September 4, 2024
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО НЕПОГОДИ

Преку 200 професионалци од повеќе градови се борат со големиот пожар во Мариово

September 4, 2024 16:33
in ВЕСТИ, НЕПОГОДИ
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Преку 200 професионалци, припадници на Армијата, од специјалната полиција, од ЈП „Национални шуми, пожарникари од повеќе градови цел ден се на терен во Мариово да го стават под контрола и да го изгаснат големиот пожар  кој е активен четврти ден.

Горат нискостеблести растенија, но има зафатено и борови. Прилепскиот општински Кризен штаб ги координира акциите. Жителите на мариовското село Бонче поминаа неизвесна ноќ. Во опасност им беа имотите, ама пожарникарите помогнаа и не дозволија да има штети, пренесува МИА.

-Во селото сме 30-тина жители. Има и деца. Јас бев на првата линија во опасност, зашто мојата куќа е во почетокот на селото. Благодарен сум им на прилепските пожарникари и на пожарникарите од Битола кои не дозволија да ми изгори имотот, а имам и 30 грла добиток. Многу беше тешко. Пожарникарите постојано се на терен, рече Жарко Маркоски, жител на селото Бонче.

Од изутрината околу селото се распоредени пожарникари од Охрид.

– Од 6 часот изутрината сме на тереноколу селото. Го штитиме тој дел кој е ставен под контрола. Се надеваме дека пожарот довечер ќе го изгаснеме, рече Борко Јанкулоски командир на ТППЕ од Охрид.

Според директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов кој беше на теренот во Мариово, делови од пожарот се изгаснати, но со топлото време се разгорува онаму каде преку нуќта огнот се стишил.

-Интервенцијата од воздух, посебно во претпладневните часови беше оневозможена поради густиот чад. Се надеваме дека ќе им,а погодни временски прилики за интервенција со хеликоптер и ЕР трактор. Горат нискостеблести растенија, но има зафатено борови стебла иако не многу. Сега огнената линија не е како вчера екстремна од преку 20 километри. На помош имаме огромен број ресурси од целата земја, рече Ангелов на теренот во Мариово.

 

Tags: Мариовопожар
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ