• Latest

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Спектакуларен успех на големиот магионичар Мицко – направи да ги снема македонскиот јазик и идентитет

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025 19:00
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

ДИЈАНА ТАХИРИ

Наместо да понуди решение за сè што ја оптеретува младата популација – економска несигурност, нефер работни услови, високи трошоци за воспитување деца, и се разбира, ниската плата – премиерот одлучи да се занимава со што?  Да воведе данок за лица кои не се во брак! Бидејќи демографската криза е еден од најголемите предизвици за Македонија, а се гижи и за Европа! 

Ова е всушност данок за бездетност. Не смееш да немаш деца, ако немаш, ќе си платиш.  

Да се потсетиме, ваков предлог имаше и во времето на Груевски, но не се имплементираше. 

Понатаму, премиерот задира во мајчинството, вели: „ Време е мајчинството да биде благослов, а не товар. Време е да изградиме институции кои ќе ја негуваат младоста и ќе ја враќаат надежта“.

Можеби некогаш бил мајка… или планира да биде. За да го почувствува мајчинството, директно.  

Познавам многу млади парови кои не се осмелуваат да почнат заеднички живот ( во брак или партнерство), и да се обидат да создадат семејство (бидејќи кај нас семејство значи само ако имаш деца), поради економската состојба во која се наоѓа земјава. Полека но сигурно се враќаме на времињата кога родители, баби и дедовци и младите со се невести живееле под ист покрив, порано поради традиционални причини повеќе, а сега веќе оти младите не можат да си приуштат ниту кредит за 50 квадрати стан, или за кирија.  

Да не зборуваме за тоа дека само со предлог за ваков вид данок, премиерот размислува и за казнување на личните избори. Затоа, ако не се остварувате во традиционалната улога на родители, бидете подготвени да се соочите со даночна казна.  

Како прават низ светот

Има неколку примери во светот каде што се применуваа позитивни мерки за семејства со деца.  

Јапонија, Италија и Шпанија наместо данок, избраа мудар пристап – позитивни стимули за семејства со деца.  

Јапонија, која се соочува со сличен проблем, нуди даночни олеснувања и субвенции за мајките и татковците, а не се обидува да ги казнува бездетните лица. 

 Но во Македонија, премиерот наскоро ќе им се обрати и на тие што се во брак а немаат деца:  „Ако не ги исполните своите брачни и репродуктивни обврски, ќе плаќате данок.“ 

Добредојдовте во светот на (ре)продуктивноста! 

Зошто да не воведеме директни санкции врз секој поединец кој не исполнил својата “плодност” должност? Зошто да не ги присилиме сите да станат родители, дури и ако тие не сакаат да бидат? Ваквиот пристап би им одговарал на авторитарните режими, нели? И навистина, кој не сака да живее во утопијата на колективна репродукција, каде што личниот избор и правата стануваат второстепени во однос на повисоките цели на нацијата? Како во „Гилеад“.  

Ајде малку да си играме со човековите права и личниот избор 

Првото нешто што се наметнува е – повреда на човековите права. Како е можно да се присилуваат луѓето да се одлучат за раѓање деца само за да избегнат финансиски казни? 

Ова е директно мешање на државата во приватноста, личниот избор и човековите права на своите граѓани.  

Личен избор е и да живееш сам, или со мачка, куче, птица, со телевизорот,  со ѕидовите… Зошто мора некој да живее како што замислил премиерот? За спас на Македонија. 

Дали премиерот познава луѓе кои не можат да имаат деца, од здравствени причини? Такви има многу, или мажот е стерилен, или жената, или едноставно “не се фаќа“, или поради други здравствени проблеми не се одлучуваат за репродукција. Или едноставно не сакаат да имаат деца, не сакаат да се обврзуваат со брак, имаат други планови во животот освен спасување на Македонија преку бракови кои ќе носат деца.  

Но, премиерот размислил и ете, нашол решение – данокот ќе ја спаси Македонија, со тоа што знае дека никој нема да сака да плаќа таков данок, паровите веднаш ќе одат во матично и ќе склопуваат бракови и ќе се „фрлат на работа“ да прават што повеќе деца. Да ја спасат Македонија.   

Дали следното прибегнување кон решение за спас на Македонија би било по моделот на футуристичката дистописка новела и тв серија „The Handmaid’s Tale“, во која се создава патријархална тоталитарна држава  со библиско име „Гилеад“, во која жените на насилен начин се принудени да „продуцираат“ деца од командантите кои владеат со Гилеад?  

Во Македонија, можеби нема да ни требаат само законски казни за бездетност, туку и обврски за “плодност” на ниво на биометриски податоци! 

Дајте друго дете, упс!…решение

Оваа мерка нема да реши ништо. Наместо да се казнуваат луѓе кои од различни причини не можат или не сакаат да имаат деца, треба да се поддржуват тие што сакаат да станат родители. Наместо казнување, треба да им се понуди поддршка на семејствата, особено за младите кои се соочуваат со економски притисоци. Јапонија, Италија, и Шпанија не воведуваат данок на бездетност, а сепак имаат мерки кои значително го поддржуваат наталитетот, без да се нарушува правото на личен избор. 

За среќа, во нашиот свет, секоја национална криза може да се реши преку економски стимулус! Па така, ако се трудите да го оправдате падот на наталитетот во Македонија со данок за бездетност, логично е да очекуваме и поврзување на раѓањето со економски награди. Но, ако сте без деца, не очекувајте било каков комплимент за тоа што можеби се борите со здравствени проблеми или сте едноставно избрале да не се вклучите во играта за размножување. 

Но најпрво, премиерот нека размисли како да создаде пристојни услови во кои би растеле идните деца, во семејства кои наместо за вечера да јадат астрономски сметки за струја и друго, во семејства кои тие деца би ги растеле во пристојни домови, би им обезбедиле пристоен и достоинтвен живот – на децата за кои ако не ги родат, ќе плаќаат даноци.


Текстот е личен став на Авторката.  
 
Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ