• Latest

Премногу луѓе на маргините на општеството и политиката… До кога?

December 22, 2020
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

(ВИДЕО) Хрватската СДП проговори за усташтвото на концертот на Томпсон: Сведоци бевме на срам од целиот свет

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

Зошто кинескиот лидер Си Џинпинг го прескокнува овогодинешниот самит на БРИКС?

July 6, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Канта за смет

July 6, 2025
Генералштабот на Украина пријави напад врз аеродромот Борисоглебск во југозападната Воронешка област, Русија, на 5 јули. Фотографија: Генералштаб / Фејсбук

Украински напад со дронови врз руска воздухопловна база погоди складиште за бомби, авиони – откажани летови на неколку руски аеродроми 

July 6, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговори за Газа и покрај „неприфатливите“ барања на Хамас

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск основа нова политичка партија, ја нарече „Американската партија“

July 6, 2025
Тексашаните се соочуваат со последиците од поплавите Фото: Скриншот од видео на ВВС

Потрагата по исчезнати лица  во Тексас продолжува, во ненадејните поплави загина 51 лице, вклучувајќи 15 деца

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на Fox News

Трамп вели дека Путин „сака да продолжи да убива луѓе“, сигнализира испраќање ракети Патриот во Украина

July 6, 2025
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Премногу луѓе на маргините на општеството и политиката… До кога?

December 22, 2020 15:41
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

„Многу е тешко кога се зборува за дискриминација, во контекст на социјална правда во држава во која стана многу лесно да се употребува дискриминација. Секој кој ќе дојде на власт или се бори за истата, па и цивилното општество мисли дека знае што е дискриминација и со леснотија го употребува тој збор, треба да почнеме од таму зошто мислам дека е тешко да се перцепира дискриминација“, истакна унивезитетската професорка Мирјана Најчевска на панел дискусијата „Социјална правда и дискриминација: Премногу луѓе на маргините на општеството и политиката… До кога?“ во организација на ЦИВИЛ, која се одржа на 11 декември.

„Суштината на дискриминацијата не е во нееднавкото однесување, туку во нееднаква можност да се употребуваат правата и можностите. Прашање е, не колку некого дискриминираме, туку колку е некој слободен, колку има права, колку може да ги заштити своите права или практикува, дали е слободен да гласа за тој кој сака или не, дали навистина ужива еднакви права како другите или не, не е работата во неедкаво постапување, покомплексна е работата“, истакна Најчевска.

Според професорката Најчевска онлајн наставата која сега се одржува поради пандемијата со КОВИД-19 навидум е недискриминирачка за сите деца во цела држава, но резултатот е дефинитивно дискриминирачки.

„Онлајн настаната навидум е недискриминирачка, за сите деца, во цела држава, резултатот е дефинитивно дискриминирачки и има многу различен ефект, децата имаат различни услови, има деца кои немаат можност да ја следат, живеат во една соба со цело семејство, има деца кои немаат пристап до интернет, до струја, простор и има ситуации каде едно семејство има повеќе деца и треба во исто време да ја следат наставата онлајн“, истакна Најчевска.

Професорката Најчевска додаде дека училиштата се создадени за децата да бидат релативно ставени во еднакви услови за пренесување на знање.

„Во моментот кога правам нешто како сите, јас не сум виновен доколку резултатот на моето дејствување е дискрминирачки. Најстрашно е кога жртвата на дискриминација не сфаќа дека е дискриминирана, влегуваме во затворен круг на дискриминација многу често. Сакам да ги спомнам училиштата за деца со посебни потреби, јас се спротиставував за постоњето на тоа, а луѓето се обидуваат да го оправдаат, на тој начин се затвора кругот на дискриминацијата.

Една директорка на едно специјално училиште кога се расправавме за тоа дека не треба да постојат такви училишта, таа ме убедуваше дека тие деца таму учат како сами да одат да купат леб. Тоа е врвот на успехот, сами да може да купат леб! Тие деца имаат еднакво право како сите други и државата треба да им обезбеди еднакви шанси и можности на сите индивидуи да ги истакнат своите вештини и способности“, истакна Најчевска.

Професорката додаде дека државата не смее да реагира само кога има дискриминација, туку да создаде услови за еднаквост, да даде се од себе, во улога на проактивно делување и да обезбеди еднакви шанси.

„Можност за искористување на потенцијалите на индивидуата, секоја индивидуа да може да има таков оптимален социјален статус кој ќе обезбеди не само недискриминација, туку еднаквост“, додава Најчевска.

Најлесно е вината да се префрли врз жртвата на дискриминација – „таква им е културата, таков им е изборот, Ромите сакаат така да живеат општеството им дава можности“.

Најчевска вели дека во однос на родовата дискриминација, ниту тие што дискриминираат ниту дискриминираните не успеваат да ја перцепираат дискриминацијата дури кога е таа директна, а да не зборуваме за индиректната дискриминација.

„Претставниците на одредени етнички заедници во парламентот се претежно мажи. Тие се борат да има етничка застапеност, а родовата застапеност ја запоставуваат“, додаде таа.

Најчевска потенцира дека државата не треба да создава посебни критериуми за вработување на лица со посебни потреби, туку треба да создаде посебни услови и да им дава поддршка на тие луѓе кои ги исполнуваат критериумите да може да бидат на соодветните места и во власта, и во управувањето и во работните структури.

„Пречките не се наоѓаат во лицата со посебни потреби туку во заедницата. Ние треба да ги тргнеме пречките од околината за да може тие луѓе на еднаков начин да ги остваруваат своите права и слободи.

Кумулативната нееднаквост е најстрашната дискриминација, едно е да си Ром и тогаш постои една дискриминација, но друго е да си Ромка, тогаш имаш двојна дискриминација и трето ниво на дискриминација е да си Ромка со попреченост“, нагласи Најчевака.

Љуљета Адеми, активистка и советничка во кабинетот на претседателот Пендаровски задолжена за односи со лицата со посебни потреби, вели дека слободата, човековото достоинство, социјалната правда, безбедноста и недискриминација се суштински за одржување на економскиот и социјалниот развој и ефикасност на една земја.

„Кога ќе почнеме системски да ги решаваме проблемите, ќе имаме помалку проблеми и тогаш ќе зборуваме за позитивни работи. Херој на нашето општество ќе биде некој од нашето опкружување, а некој од некои далечни земји“, вели Адеми.

Таа сподели дека била жртва на семејно насилство и кога пријавила во полиција нејзината изјава „стоела во воздух“ и морала да бара врски за тоа што треба законски да и следи.

„Мојата изјава стоеше во воздух, морав да барам врски, за тоа што законски ми следи или треба како право да го уживам, кога требаше да побарам лично помош од тие што треба да ме заштитат, дојдоа двајца полицијци ми направија записник, и на крај се случи после 2 недели јас да добијам тужба за лажно пријавување“, истакна Адеми.

Таа додаде дека многу жени се обесхрабрени да пријават случај на родово базирано насилство без разлика на нивната националност.

„Не е идеално ништо, да не ја губиме и таа можност што последниве години сме повидливи ние како граѓани со посебни вештини, со тоа што сме присутни во институциите, далеку сме од тоа да сме политички сеопфатни, но присутни сме. За прв пат Претседателот назначи лице задолжена за односи со лицата со посебни потреби, не дека треба да има специјална комуникација, но да бидете присутни, тоа порано не било случај да има лице кое ги претставува тие права“, додаде таа.

Адеми додава дека со таквото присуство општеството учи и дека треба да ја имаме таа различност.

Таа вели дека дискриминацијата е насекаде околу нас, посочувајќи го примерот кога во еден елитен ресторан во Берово не сакаа да ги послужат бидејќи во групата имаше и еден Ром.

Елвис Шаќири од Ромалитико и иницијативата АВАЈА на панел дискусијата истакна дека кога се работи за ромската заедница секогаш странските донатори и невладиниот сектор се први да помогнат, а не државата. Тоа мора да се промени.

„Во изминатиот период, во време на пандемијата, успеавме да доделиме стотици електронски уреди на ромските дечиња за да можат да се вклучат во образовниот процес, меѓутоа се соочуваме и со друг проблем, а тоа е дека семејствата немаат електрична енергија. Во нашето општество секогаш се зборува за тоа како маргините да се вклучат, а не каков бенефит може да се има“, потенцира Шаќири.

Според него, државата не креира услови генерално, без разлика од која категорија луѓе се работи.

„За жал, не можеме да стигнеме до сите семејства, проблемите се системски, ќе решиш еден проблем, па се појавува друг. Баравме средби со државни институции, но нашето општество секогаш има други приоритети, да ги решаваат оние проблеми на елитите, ретко се решава проблем без да се оди кон системско решение. Преку Пи-Ар прават дека решиле некој поголем проблем, но најчесто не е така, тоа е генерален проблем кај нас, тие проблеми треба да се решаваат системски“, истакна Шаќири.

Тој додава дека децата кои немаат услови за онлајн настава, мора физички да присуствуваат на училиште, а со тоа се зголемува ризикот од КОВИД-19.

„Имаме два вида дискриминација, едната е во секојдневниот живот меѓу физички лица, но имаме и покомплексна дискриминација од државата, таа не презема никакви чекори. Државата во овој случај на некој начин со оглед на тоа дека не презема системски решенија ги поттикнува индивидуалнците така да се однесуваат кон одредени групи“, додава тој.

Шаќири вели дека во Битола имаше случај каде што три дена полицијата не сакаше да направи записник за одреден случај, бидејќи пријавувачот беше од ромска етничка заедница.

„По три дена, ние моравме од Скопје со адвокат да одиме во Битола и да го решиме проблемот, кој е системски. Тоа е поразително за едно општество што со адвокат мора да се реагира за нешто што би требало да е нормална процедура на полицијата. И не е само полицијата, туку така е и во другите институции.

Денеска може да се види дека има вработено Роми на работни места кадешто претходно не беше случај. Пример има Роми на каса во супермаркет, во кафич, но тоа не е затоа што сега Ромите имаат некои посебни квалификации, туку затоа што нема кадар. Извештајот на Народниот правобранител постојано констатира дека ако раководител на одредена институција е Македонец, има вработено само Македонци, додека ако раководителот е Албанец, во таа институција има вработени само од албанска етничка заедница“, истакна Шаќири.

Шаќири презентираше дел од податоците од истражувањето што го спроведоа преку Ромалитико, пришто истакна дека голем дел од работодавците одговориле дека нема да вработат Роми иако ги исполнуваат сите критериуми.

Дехран Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ