ВМРО-ДПМНЕ поврза криминал и земање провизии со неспособност, а резултат на тоа за време од 11 години се само 7 километри автопат а оставен огромен хаос, нерешени и натрупани проблеми и бандери на сред пат. Не се тоа „проекти” како што зборува ВМРО-ДПМНЕ туку утки, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ дека автопатот Миладиновци – Штип е нивни проект од времето кога тие биле владеачка партија и му порача на премиерот Зоран Заев дека се фали со нивни дела.
Ваквата реакција следи откако вчера Заев заедно со вицепремиерите Кочо Анѓушев и Оливер Спасовски, како и со министерот Горан Сугарески присуствуваше и одржа говор на свеченото отворање, иако по еден месец од неговото пуштање во употреба.
„Сликата со бандерите на среде пат говори за неспособноста и односот на ВМРО-ДПМНЕ кон потребите на граѓаните. Затоа само на автопатот Миладиновци-Штип имаше нерешени имотно правни проблеми, свлечишта, непредвидени надвозници, одводни цевки, непремостени инсталации, заштитни огради… За само 2 години сите натрупатни проблеми ги реши Владата предводена од СДСМ и авопатот Миладинови – Штип е пуштен за употреба. Решени се сите проблеми и на автопатот Кичево-Охрид.
СДСМ ги решава проблемите што ги остави ВМРО-ДПМНЕ и интенизвно гради по план. Во моментов се реализираат над 80 проекти за изградба и реконструкција на патишта во должина од повеќе од 700 километри. За 2 години СДСМ направи повеќе во инфраструктурата од 11 години за време на ВМРО-ДПМНЕ“, соопштија од СДСМ.
Д.М.











			
