• Latest
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Преспа, привремено засекогаш!

November 1, 2018
Фото: Укринформ

Фон дер Лајен: Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува

May 9, 2025

Кина потроши милијарди долари за развој на воена технологија; Конфликтот меѓу Индија и Пакистан би можел да биде нејзиниот прв голем тест

May 9, 2025
Фото: МИА архива

Службата за безбедност на Украина разоткрила шпионска мрежа на унгарската разузнавачка служба во Закарпатската област

May 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Пакистан отстапува простор за дипломатија пред да одговори на нападот на Индија

May 9, 2025
ПИНКИ ГО ВИДЕ ТИТО По враќањето од Москва Додик сите говори ги завршува со воскликот „да живее Русија“!

Додик: Путин навистина ја разбира позицијата на нашиот народ, Србија и Кина се пријатели кои градат мостови кон иднината

May 9, 2025

Мицкоски: Среќен 9 Мај – Денот на Европа! Македонија припаѓа во Европа, со својот идентитет, култура и визија за иднината!

May 9, 2025
Фото/ Wikipedia commons

Вучиќ на воената парада во Москва и покрај предупредувањата од ЕУ

May 9, 2025
Фото: скриншот МИА

Почнува тридневна национална акција за чистење отпад – „Генералка викенд“

May 9, 2025
Фото: Х

Во Штип синоќа е убиен 25 годишен странски државјанин, убиецот е уапсен и четворица помагачи, сите турски државјани

May 9, 2025
Фото: Скриншот

Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Преспа, привремено засекогаш!

November 1, 2018 10:01
in СЛОБОДНА ЗОНА
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Share on FacebookShare on Twitter

Тоа што мајка ми цел свој работен век го помина работејќи во МВР, нам како семејство ни даваше можност преку лето да летуваме во камповите низ Македонија кои беа под тоа министерство. Такви ги има неколку на територијата на целата држава. Ние со години одевме во полицискиот камп во Крани, на Преспанското езеро.

Војо Цветановски

Кампот е сместен во природа. Прекрасен е призорот кога влегувате во него. На почетокот ве пречекува хотел. Одлично опремен. Во продолжение се отвора кампот. Зеленило, прекрасно уреден парк, игралишта за фудбал и баскет и надолу продолжува патот до плажата. Лево од игралиштата се позициите каде што камперите ги сместуваат своите приколки, шатори, трејлери …

Во долниот дел на хотелот има ТВ сала. Во неа има две билјард маси и уште неколку маси за седење каде гостите од хотелот, а и оние од кампот можат да се опуштат вечерта, а и преку ден. ТВ салата работи од 07 – 24ч. Во оваа ТВ сала, во 1992 година, кога прв пат дојдовме да кампуваме во Крани, во месец Јуни, бевме единствено, Депси, Влатко (кои го работеа шанкот) и јас.

Го гледавме финалето во кошарка помеѓу САД – Хрватска, на олимпијадата во Сеул. Капитен на Хрватската репрезентација беше Дражен Петровиќ.

Од таа 92’, седум години за ред, секое лето почнувајќи од 92′,  бевме редовни кампери во Крани. Буквално по цело лето седевме таму, од ’93 до ’98.

* * *

По распадот на Југославија кон крајот на 90’ татко ми купи „Брако“ приколка. Со неа бевме сите, гореспоменати седум години, одомаќинети во Крани. Бракото ни беше куќа. Буквално куќа. Прашајте ги Коки, Баже и Џајко, тие најдобро ќе ви кажат.

Во Крани доаѓавме некаде на средината на месец Јуни и седевме до последната седмица на месец Август. Беа тоа седум прекрасни години од нашиот живот. Многу пријателства, бракови, деца, кумства и внуци се изродија од тоа наше живеење во Крани, сè уште постојат пријателства кои траат засекогаш. Ние, кои живеевме таму, цела година едвај чекавме да дојде лето за повторно да се собереме сите во Крани.

Во тие седум години поминати во тој регион имав можност да ги прошетам речиси сите околни места кои беа околу Крани, како што се: авто-кампот кој е тесно поврзан со полицискиот камп, буквално ги спојува една улица налик на црево, каде всушност имаше диско во кое одевме навечер (до ден дeнес се сеќавам дека на влезот со црн спреј или со боја напишано со четка беше потпишан локалниот фраер од Ресен, на латиница – ZUZAR) потоа, Отешево, Стење и Претор кои се од другата страна, Брајчино, Љубојно и Дупени кои се од оваа страна и уште многу други помали места покрај крајбрежјето.

Во тие седум години додека одевме во Крани, верувале или не, полни два месеци, Јули и Август, во кампот, буквално немаше игла каде да падне. Шатор до шатор, приколка до приколка. Полн беше и авто-капмот, оној соседниот до нас, полни беа и Отешево, Стење и Претор, а за плажата на Дупени воопшто и да не почнуваме тема. За убавините на Љубојно и Брајчино мислам дека е излишно било што да се каже. Кој бил, знае. Кој не бил, веднаш да оди!

Во ’95 година, во дел од хотелот и во дел од бунгаловите во кампот сместија еден дел од бегалците од Босна. Се разбира дека веднаш ги прифативме како свои и се трудевме никогаш ништо да не им недостасува. Ако по нешто сме познати ние Македонците, тогаш познати сме по таа наша гостољубивост. (Меѓусебно очите ќе си искорнеме како смртно искарани брачни другари, но, дојде ли некој од страна и му затреба нешто, сите во еден глас, веднаш помагаме. И, од како ќе си замине странецов повторно очите си ги вадиме. Такви сме ти ние Македонците.) Многу се трудевме околу нивната рехабилитација. Беше речиси невозможно да им ја залечиме раната. Тешко беше многу. Сите тагувавме со нив.

’99 година се преселив во Софија. Со моето селење таму, „привремено, засекогаш“ заврши мојот живот во Крани. Од време на време велам дека тоа е „привремено, засекогаш“ бидејќи живеам во надеж дека еден работите повторно ќе се вратат онаму каде што природно припаѓаат и ние Македонците повторно ќе бидеме среќни како во тие времиња.

Откако заминавме „привремено, засекогаш“ од Крани, татко ми ја остави „Брако“ приколката кај Ивана, Вера и Боро во дворот во Долно Дупени. Ивана, Вера и Боро се наши куќни пријатели.

„Нека седи таму, за секој случај“ рече татко ми на пат кога се враќавме за Скопје. До Скопје сите молчевме во автомобилот. Како да знаевме дека еден дел од нас засекогаш останува таму. Единствено што се изусти на глас во автомобилот беше мојата фраза: „Заминуваме одовде – привремено, засекогаш“.

Од тогаш па наваму не постои место на светот каде што сум бил, а од каде што, кога сум си заминувал, не сум оставил дел од себе. На пример: патики, кондури, пантолони, блуза … ги фрлам на земја, за јас, „привремено, засекогаш“ да останам таму.

Во летото 2004 година, во месец јули патував низ Македонија со некои мои пријатели странци. Им ги покажував убавините на нашата земја. И кога дојдовме до Преспанскиот крај, му се јавив на татко ми да му кажам каде сум. Ме замоли, кога веќе сум таму, да појдам до Дупени и да ја земам приколката од дворот на Ивана, Вера и Боро и да ја донесам во Скопје, сакал да ја продаде.

„Ако ништо бар да и земеме пари за едно зимување во Словенија или Австрија, а?“,рече.

„Може“, реков.

„Ајде, па јави што си направил“, ми рече.

Преку Ресен, тргнавме за Дупени. Беше топло претпладне. На странциве им се пофалив дека на кратко ќе ги однесам во еден преубав камп каде јас од 92’ до 98’ секое лето одев по цело лето. Стигнавме во Крани. Кампот – празен. Единствено приколката на чичко Живе стои на истото место каде што беше поставена уште и пред 92′, пред ние да дојдеме. Чичко Живе, живее таму, заради здравјето. Таа клима најмногу му одговара на неговото срце. Приколката на чичко Живе, тишината и звукот на Балојаните беше се’ што можеше да се види и почувствува тоа топло и тивко претпладне. Дојдов до неговата приколка. Надвор поставена маса и пет столчиња.

На глас изговорив: „Чичко Живе, тука си?“

Од внатре тој проговорува: „Ајде Војче, седни, да пиеме по една ракија“.

Се насмевнав. Ми го препозна гласот.

„Не, не, мораме по приколката во Дупени чичко Живе, па назад за Скопје. Долг е денов“, реков.

Чичко Живе излезе од приколката, насмеан.

„Знам бе. Татко ти ми се јави пред саат време и ми кажа дека ќе одиш накај Дупени и дека 100% ќе поминеш одовде. Ајде седете, рано е, направив и салата“, рече.

Седнавме. На по една ракија и салата, пред да продолжиме за Дупени. Чичко Живе, подготвил и ручек за сите.

Моите пријатели беа пријатно изненадени кога чичко Живе го постави и ручекот на маса. Тогаш гласно проговорив: „Такви сме ти ние Македонците“.

Додека ручавме чичко Живе почна да се жали како веќе никој не доаѓа, како му е тешко што е сам таму, вознемирен беше зошто толку брзо сите го заборавивме тоа место за кое сите едногласно зборувавме дека е рајот на земјата.

„Тука ништо не е сменето. Зошто престанавте да доаѓате?“, ме праша. Немав одговор. И ден денес го немам. Беше прилично тажен. Како и да не биде. Од место во кое игла немаше каде да падне, кое живееше „200 на саат“ што би рекле денешниве генерации, за пет – шест години се претвори во вистинска пустелија.

„Ајде уште по кафе и бегајте за Дупени, да не ве стемни, четири саат е“, рече и направи турско кафе за сите.

Во Дупени стигнавме нешто пред залезот на сонцето, околу 17:30. Во куќата на Ивана, Вера и Боро немаше никој. Знаеја дека доаѓаме. Приколката беше малку пропадната во земја. Малку повеќе. Шест години никој не ја мрднал од таму. Ни требаше време да ја извлечеме. На крајот ја извлековме. Ја закачивме на кола и ја однесовме за Скопје. По шест месеци татко ми ја продаде на авто-пазар.

Оттогаш само уште еднаш појдов во Преспанскиот регион и тоа во 2008 година, во Брајчино, со братучетка ми Наташа, од Битола, тетка ми Јагода – мајка и’, Воислав внук ми, тетка ми Наташа (Нацка), зет ми Зоран, нејзиниот сопруг кој сега веќе е покоен, а кој всушност потекнува од Брајчино, бевме на неговиот имот. Во Брајчино ручавме, горе во ресторанот со рибникот. За жал не помнам како се вика. Веднаш потоа слеговме на плажата во Дупени. Цел ден го поминавме на плажа. Прекрасна е плажата на Дупени. Тука блиску е и границата со Грција, тогаш беше не функционална. Имаше само една рампа. Вечерта заминавме за Битола. Во Крани не застанавме, само го одминавме. Го гледав од кола. Повторно беше празно.

* * *

Десет години подоцна. Не знам што се случува таму. Ете толку не сум бил, десет години. И на 17 Јуни оваа 2018 година утрото гледав телевизија. Два дена пред да тргнам за Линц, а два дена од како се вратив од Загреб. Само четири денови сум во Скопје. Ништо не знам што се случува. На телевизија, не ни знаев, дека ќе оди во живо потпишувањето на договорот од Преспа. Гледам. Во Преспа, после 25 години се решава спорот со Грција. Да, точно во Преспа. И почнаа да ме враќаат сеќавања. „Ах, Преспа, Преспа.“ изговарав на глас. „Така е другари, браво, во Преспа треба да се случи помирувањето. Тоа е еден од потоплите делови во Македонија. Другари, сега, како никогаш претходно имаме можност ПРЕСПА да ја направиме ултра модерно и атрактивно туристичко место. Да постане најпосетуваната дестинација од овој регион и тоа со акцент дека е местото каде што се случи историското помирување на двата искарани народа. Изградете ја! Развијте ја! Разубавете ја!

Тој регион веќе испраќа силна порака на помирување и тоа на глобално ниво. Испраќа порака на љубов. Таму не треба да се гради нешто особено многу. Треба само да се коригираат проблемите. Таму има се’ што е потребно, треба само да се развива. Преспа е подготвена да им даде љубов на сите. Јас и моите пријатели кои години и години не мрдавме од таму тоа можеме да ви го гарантираме. Прекрасна е. Доколку е потребно сите ќе се вклучиме во процесот на реновирањето на нашата Преспа. Сигурен сум дека можеме. И искрено се надевам дека оваа порака која ја испраќам преку ова кратко четиво ќе допре до оние кои имаат можност ова да го изработат. И тоа ќе го сторат. Да ја направиме Преспа да биде бајка и на лето и во зима.

Преспа, привремено го загуби сјајот. Време е засекогаш да и го вратиме! Мораме да ја развиеме Македонија и да ја поведеме во вистинска насока. Еве ви бесплатен предлог за лого од мене – негризнато јаболко во дланка…

Print Friendly, PDF & Email
Share73Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ