• Latest
Билјана Арсовска

Престани да си го носиш егото во теретана

July 22, 2021
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Престани да си го носиш егото во теретана

July 22, 2021 14:43
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Билјана Арсовска

Билјана Арсовска

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БИЛЈАНА АРСОВСКА

На секој со две чисти во главата му доаѓа преку глава од размислување од време на време. Периодов обрнував внимание на тоа колку често кажувам ‘Да ми е да го имам нејзиниот/неговиот памет на некој ден, да се одморам’.

Иако е ова тотално утопистичка идеја, во никој случај не би сакала својот мозок перманентно да го заменам со оној на човек кој не се грижи за ништо освен за себе, индиферентен е кон околината и последично – плиток. Дали тежината е навистина страшна, а леснотијата прекрасна? Вистината е дека најтешкиот товар нè толчи, потклекнуваме под него, нè притиска надолу. Но, нашиот најтежок товар е воедно и индикација за интензивно исполнет живот. И, колку е товарот потежок, толку е пореален и повистинит. Наспроти тоа, апсолутното отсуство на товар го прави човекот полесен од воздух, го воздигнува високо во облаците, го прави дури половина реален, а неговите движења празни и безначајни, онолку колку што се слободни.

Сите сме дел од едно хаотично, хиперактивно, технолошко општество во кое приматот на кариерата и капиталистичката мантра за поголема заработувачка и малку слободното време се главните меинстрим струи. Како резултат, времето за интроспекција е истуркано во некое ќоше. Денес, повеќе од било кога би требало да одвоиме место и време за да го успориме пребрзото темпо на живеење и да поработиме на своите стравови, чувства, нерешени трауми, желби. Ветувам дека нема да се нурнам длабоко во филозофијата. И јас имам денови кога сакам да ги поедноставам работите наместо да ги заплеткам со моите беспокојни мисли како шест пара слушалки за телефон. Ајде да зборуваме за озлогласеното его, како најголемиот манипулатор на нашите постапки.

Егото има лоша репутација – тоа е негативецот кога станува збор за самопомош. Го поистоветуваме со арогантност и нарцисоидност. Токму затоа сакаме да се ослободиме од овој непријател. АМА (да, речиси секогаш има ‘ама’) еве ги големите новости: проблемот воопшто не е во нашето его, проблемот е нашата илузија за самиот себе.

Според психолозите, кога би немале его, сите би станале ментално заболени. Егото нѝ е потребно за да делува како посредник помеѓу свеста и потсвеста. Нашата врска со егото може истото да го направи наш најдобар сојузник или наш најголем непријател. Егото предизвикува најголем дел од страдањето, но истото може и да биде она што ќе не спаси од понатамошна болка.

Зигмунд Фројд бил првиот кој личноста ја поделил на различни делови. Она што во модерната психологија се означува како внатрешно дете, кај него се нарекува id. Возрасното јас Фројд го означил како јас – ego. Покрај тоа, го опишал и таканареченото повисоко јас – super ego. Тоа е некој вид морална дејност во нас, која во современата психологија се означува и како родителско јас, или „внатрешен судија“. Внатрешното дете е суштински дел на нашата потсвест. Научно е докажано дека потсвеста е многу моќна психичка инстанца, која насочува над 90% од нашите доживувања и постапки. Значи, „внатрешното дете“ е метафора. Тоа се стравовите, болката, грижите и неволјите што сме ги доживеале од мали нозе. Во исто време, тоа е и сето позитивно што го носиме од детството. Возрасното јас, пак, се означува како „внатрешен возрасен“. Оваа психичка функција го опфаќа нашиот рационален и разумен ум, значи, нашето мислење. Во режимот на возрасниот јас можеме да преземеме одговорност, да планираме, да дејствуваме со предвидување на идните околности.

Не за џабе ја имаме изреката ‘негувај го детето во себе’. Како растеме, сè повеќе го загушуваме чистиот дух ослободен од предрасуди, алчност, горделивост и сите останати токсични појави. Не сме тука за да бидеме подобри од другите, тука сме за да стануваме подобри од тоа што бевме вчера. Во борбата наречена живот не постои целна линија. Личноста, а со тоа и нашата психа се секогаш незавршен проект кој треба да нѝ биде некаде на врвот на приоритетната листа. Да бидеш спокоен одвнатре резултира со тоа да бидеш во ред со своето минато, сегашност а тоа може да произведе само и само здрави односи и правилни одлуки за во иднината.

Така, следен пат кога ќе дојдете во конфликт со некој, запрашајте се што е неговата причина за таквата постапка. Наместо да дозволите супер егото да надвладее со ‘покажи заби и не попуштај’ став, послушајте го детето во себе кое има способност да ги разбере причините за туѓото однесување. Да бидеш пријател со своето его значи способност да целиш кон мир наместо војна со другите. Контрола на своите внатрешни бубачки може да ве спаси од многу непотребни нервози и стресови. Помирување со работите какви што се – наместо труење со негативни емоции може да создаде единствено позитивни резултати.

Карл Јунг ја проучувал човечката потсвест како збир од привремено заборавени информации и потиснати спомени. Во своите дела зборува за личната потсвест која ја нарекува комплекс. Комплекс е збир од мисли, чувства, ставови и спомени коишто се сосредоточени кон некој одреден концепт. Архетипи се сите оние верувања и перцепции во нашата психа кои сме ги научиле во текот на својот живот. Еден од нив е нашата персона односно маска. Тоа е онаа улога којашто ја играме пред светот. Нашата персона што како актер што учи сценарио, сме ја асимилирале во нашиот идентитет и истата го води нашиот тек и нашите постапки пред општеството.

Нашето его е љубопитен ѕвер – повеќето од нас не го перципираат неговото присуство, а сепак делуваме според неговата (не)милост. Најчесто поимот его го асоцираме со тоа кога некој е арогантен, горделив или себичен. А всушност, нашето его е нешто поразлично од овие особини – тоа ги засилува или нашите најдобри, или нашите најлоши страни. Затоа, егото е најголемиот манипулатор на самодовербата; на крајот од денот ‘паѓаме’ на претераната верзија од самите себе. Илузорното јас е заводлива фантазија – така подлегнуваме на нашето его. Оставаме тоа да ги држи уздите на нашите животи без никаков отпор.

Посакувам интроспекција т.е. посетување на нашите најдлабоки мисли, емоции и трауми да стане тренд како што е ‘ин’ да се посети теретаната. Наместо да го билдаме егото со токсичен пристап кој само би го подобрил нашиот престиж – а во никој случај не би помогнал на нашата благосостојба – да поработиме на тоа да имаме здрав однос со самите себе. Тоа во буквален превод значи да подзаборавиме на она што Јунг го нарекува ‘персона’ односно да се ослободиме од грижата како другите нас нè перципираат. Одвреме-навреме да одмориме од улогата што ја играме пред светот. Да застанеме смирени и помирени со себе и со работите околу себе.

Да се скроти егото, не да се убие. Тоа значи човек да биде толку свесен за себе, околината и своите емоции до степен на несебичност, ослободеност од предрасуди и очекувања. Наместо на егото да гледаме како оружје, истото да го третираме како незавршен проект којшто е кревок и силен, опасен и безопасен, ветувачки и на работ на кршење. Да си го сакаме својот товар, да си ги негуваме своите лузни и да бидеме свесни дека секој еден води битка со себе и се соочува со предизвици кои му ги сервира животот.

Затоа, мојот товар го носам достоинствено, а моите порази ги прифаќам со главата горе и очите отворени. Со достоинство на жена, не со очај на дете.

И учам дека навистина можам да истраам.

Дека сум навистина силна.

И дека навистина вреди.

И дека не сум сама во ова.

И учам, и учам…

Со секој грам товар нешто научувам.

 


извор: FRONTLINE

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ