Во Прилеп изутринава вршен е претрес во објект на поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиевски, дознава „Слободен печат“. Јавното обвинителство птоврдило дека имало претреси, но не приецизирало за чии објекти станува збор.
Претреси по налог на јавен обвинител имало и во станови во Скопје на Никола Груевски. Како што потврдува и шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска за „Слободен печат“, претресот на дополнителниот имот на Груевски е поврзан со предметот „Плацеви на Водно.“