• Latest

Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

August 17, 2025

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов, бард на македонското новинарство

April 28, 2026
(Архива) Џабир Дерала, изјава за медиумите, Тетово, 20 октомври 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Дерала за „Порталб“: Дел од сегашните решенија во Изборниот законик се само озаконета корупција на медиумите и ништо повеќе

April 28, 2026

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда

April 28, 2026

Илузијата на преговорите: што имаат заедничко Варуфакис и македонското чекање пред вратите на ЕУ?

April 28, 2026

Профитот не вреди колку животот: ЦИВИЛ бара безбедни работни места и социјална правда за работниците!

April 28, 2026

Црна статистика: 31 работник го загубил животот во 2025 година – безбедноста на работа останува критична точка

April 28, 2026

Невидливиот убиец на работното место: Психосоцијалните ризици во фокусот на Светскиот ден за безбедност при работа

April 28, 2026

(ДОСИЕ) Кримското поглавје на руската пропаганда: Кремљовскиот „бек-енд“ на Левица

April 27, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лажги

April 26, 2026
Чорнобил, некогаш и сега

40 години по Чорнобил: Војната повторно ја носи заканата од нуклеарна катастрофа

April 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов, бард на македонското новинарство

    (Архива) Џабир Дерала, изјава за медиумите, Тетово, 20 октомври 2025 (фото: ЦИВИЛ)

    Дерала за „Порталб“: Дел од сегашните решенија во Изборниот законик се само озаконета корупција на медиумите и ништо повеќе

    ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда

    Црна статистика: 31 работник го загубил животот во 2025 година – безбедноста на работа останува критична точка

    Невидливиот убиец на работното место: Психосоцијалните ризици во фокусот на Светскиот ден за безбедност при работа

    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

    Фото: МИА Архива

    Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

    Висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, 21 април 2026 (фото: Европска Унија, 2026)

    ЕУ подготвува забрана за влез за припадниците на рускиот агресор – силни пораки од Брисел и Кијив

    Анализа на CIVIL Today: НАТО референдумот во Словенија отвора нова фаза на хибридна војна во Европа

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    (Архива) Џабир Дерала, изјава за медиумите, Тетово, 20 октомври 2025 (фото: ЦИВИЛ)

    Дерала за „Порталб“: Дел од сегашните решенија во Изборниот законик се само озаконета корупција на медиумите и ништо повеќе

    ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда

    Илузијата на преговорите: што имаат заедничко Варуфакис и македонското чекање пред вратите на ЕУ?

    Профитот не вреди колку животот: ЦИВИЛ бара безбедни работни места и социјална правда за работниците!

    Црна статистика: 31 работник го загубил животот во 2025 година – безбедноста на работа останува критична точка

    Невидливиот убиец на работното место: Психосоцијалните ризици во фокусот на Светскиот ден за безбедност при работа

    (ДОСИЕ) Кримското поглавје на руската пропаганда: Кремљовскиот „бек-енд“ на Левица

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Лажги

    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    До пазарот и назад

    Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

    Чорнобил, 1986

    За Чорнобилската катастрофа и заканите на РФ за нуклеарната безбедност

    Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

    Фашизмот и ние

    Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра

    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ФОРУМ ДЕМОКРАТИЈА

Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

Од Минхен до Алјаска, обрасците се јасни: додворувањето кон Москва никогаш не донело мир, туку само ја охрабрило агресијата. Европа денес е пред избор — решителност или предавство маскирано како прагматизам.

August 17, 2025 09:47
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕМОКРАТИЈА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Наслов на оригиналот: History Reloaded: The Price of Appeasing Russia (Civil Today)

Одамна е познато дека политиката на додворување само ги охрабрува тираните да ги следат своите крвави агенди и да ја избегнат одговорноста. Историјата е упорен учител, но премногу лидери остануваат безнадежни ученици. Овој текст е обид да се крене гласот на оние што ги научиле лекциите, но остануваат надвор од коридорите на моќта — гласови што бараат демократијата, човековите права и мирот да се бранат со јасност и решителност.

Од Трамп никогаш не било побарано, ниту бил поканет или се очекувало да се справува со руската агресија врз Украина — особено не на начинот на кој го прави тоа. Тој сам се покани и го претвори тоа во изборна програма. Но наместо да застане на страната на жртвата, тој врши притисок врз претседателот Зеленски, го занемарува меѓународното право и ги повторува геноцидните наративи на Путин, дури и отворено обвинувајќи ја Украина за руската агресија. Тоа не е дипломатија, туку соучесништво. Тоа е гнилата суштина на политиката на Трамп: суета наместо принципи, лична амбиција наместо колективна безбедност, авторитарен нагон наместо демократски вредности.

Тој ја сведува војната за опстанок на монета за поткусурување за да се задржи на насловните страници. Со тоа само му подарува легитимитет на Кремљ, го поткопува НАТО и испраќа порака до секој автократ дека САД може да бидат искористени како реквизит во нивниот театар на моќта. Таквиот став не е неутралност — тоа е предавање маскирано како договор, цинична трансакција во која вистината, правдата и човечките животи се потрошна роба во замена за спектакл.

Историјата веќе го видела ова. Додворувачите од 1930-тите, исто така, тврдеа дека се во потрага по „мир“, додека, всушност, ги хранеа амбициите на диктаторите и го поплочуваа патот кон уште поголеми крвопролевања. Минхен не ја спречи војната — ја гарантираше. Јалта не обезбеди правда — ја подели Европа на половина век. Самитот на Трамп на Алјаска припаѓа на истата — ако не и полоша — традиција на срам: спектакл, капитулација и предавство замаскирани како државништво.

Додворувањето не започна, ниту заврши со Хитлер. Премногу често, Кремљ — било царски, советски, оној по Студената војна или денешниот режим на Путин — беше пречекуван со индулгенција, со додворување и смирувачки тонови и брзо му се простуваше бруталните војни и репресивните политики. Европските престолнини, кои никогаш не би простиле таква агресија од други, постојано гледаа настрана кога таа доаѓаше од Москва. Империјата добиваше дозвола да се ресетира, да се ребрендира и повторно да стапи на светската сцена, иако го продолжуваше истиот империјалистички терор. Ако искрено погледнеме во историјата, ќе го видиме мрачниот мозаик од неправедни концесии — јасно, неоспорно и длабоко застрашувачки.

Сталиновиот Кремљ ја распарчи Полска со Пактот Молотов–Рибентроп, ја нападна Финска, ги проголта Балтичките држави и ја командуваше геноцидната политика на Гладомор во Украина. По 1945 година, половина Европа не беше ослободена, туку предадена на советската тиранија, осудена да живее зад Железната завеса повеќе од половина век. Тоа, исто така, беше додворување — родено во Јалта и одржувано со децении, каде „реалполитиката“ значеше напуштање на милиони луѓе да живеат под диктатура.

А таа индулгенција оди уште подалеку. На царска Русија постојано ѝ се простуваше за сите војни на освојување, за газењето на народите и за вкоренетиот антисемитизам. Погроми, депортации и етнички прогони се толерираа како „внатрешни работи“, додека империјата беше канета да седи на европската маса, како бруталноста да беше само нејзин домашен стил на владеење.

Овој образец не заврши ниту со падот на Советскиот Сојуз. Во периодот по Студената војна Русија го продолжи крвавиот пат: Чеченија, каде цели градови беа сведени на урнатини; Грузија, каде териториите беа поделени под оружена закана; Транснистрија, каде кремљовски милиции сè уште го гушат правото на сувереност на Молдавија; Нагорно-Карабах, експлоатиран како линија на нестабилност; и, секако, Украина — нападната, делумно окупирана, крвари повеќе од една деценија. Авганистан, исто така, останува лузна од советскиот империјализам, со над еден милион мртви зад себе. А во Сирија, Русија го избриша Алепо од мапата, истурајќи илјадници бомби врз болници, училишта и цивили, додека светските лидери мрмореа за „дијалог“ и „прекини на огнот“ кои никогаш не се случија.

Лекцијата е јасна. Да се потсетиме само на Минхен значи да рас кажеме само половина приказна. Кремљ не беше само жртва на агресија; тој беше соучесник, архитект и профитираше од додворувањето. Одново и одново, на Русија ѝ беше дозволено да се претставува како партнер или посредник, додека нејзините жртви беа избришани од сценариото. Однесувањето на Трамп, од самиот негов влез во американската политика до таканаречениот „историски самит“ на Алјаска, совршено се вклопува во таа традиција — политиката на индулгенција, соучесништво и предавство маскирано како прагматизам.

Стратешкиот императив на Европа

Како што е нагласено во „Одбрана на демократијата и човековите права – Извештај и препораки за политики“ (март 2025), целосната инвазија на Русија врз Украина е повеќе од војна за територија. Таа е директен предизвик за меѓународниот поредок по Втората светска војна: принципите на суверенитет, демократија и мир.

Доколку агресијата остане неказнета, авторитарните режими низ светот ќе гледаат на политиката на додворување како на дозвола за империјална експанзија. Прашањето е јасно: дали Европа ќе застане на страната на Украина или ќе потфрли и ќе дозволи тиранијата да го прекрои глобалниот поредок?
Публикацијата јасно го потенцира тоа: Борбата за слободата на Украина не е само борба за суверенитет на една нација. Тоа е борба за опстанок на принципите што ја дефинираат Европа со генерации: демократија, мир, човекови права и право на народите да ја одредуваат својата иднина. Исходот од овој конфликт нема само да ја обликува иднината на Европа, туку ќе испрати моќна порака до светот за вредностите кои ќе го водат глобалното управување во 21-от век и понатаму.

Навистина, реакцијата на Европа не може да остане фрагментирана или колеблива. Времето на симболични декларации заврши. Она што е потребно е сеопфатна програма – цврста, изводлива и одржлива. Врз основа на препораките од „Одбрана на демократијата“ и поткрепени со неодамнешните европски рамки, патот напред вклучува сет на итни и одлучни чекори за да ѝ се помогне на Украина не само да преживее, туку да победи.

Еве осум чекори што мора да се преземат веднаш, без никакво одлагање:

1. Обезбедете сеопфатна воена помош
Испорачајте напредно оружје без одлагање — противвоздушна одбрана, артилерија, системи со долг дострел, оклопни возила. Интензивирајте ја НАТО координацијата, обуката и споделувањето на разузнавачки информации. Одложувањето чини животи; двоумењето го охрабрува агресорот.

2. Засилете ја економската и хуманитарната поддршка
Обезбедете опстанок на Украина како функционална демократија преку проширување на финансиската поддршка за реконструкција, енергетска безбедност и инфраструктура, истовремено продолжувајќи со хуманитарната помош и психолошкото закрепнување на жртвите.

3. Забрзајте ја интеграцијата на Украина во европските институции
Членството во ЕУ не смее да остане далечно ветување. Преговорите мора да напредуваат со јасни временски рамки во кластерите за владеење, антикорупција и човекови права. Интеграцијата не е милостина; тоа е стратешки императив.

4. Осигурете членство во НАТО за Украина
Двосмисленоста ја покани агресијата. На самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, Украина доби ветување за членство — но Алијансата застана пред јасно да го исцрта патот. Тоа двоумење сигнализираше слабост, го охрабри Кремљ и ја остави Украина изложена. Денес, кога Украина ја брани не само сопствената сувереност туку и европската, членството во НАТО повеќе не е далечна перспектива, туку итна потреба. Членството не е отстапка, туку гаранција за траен мир и одвраќање. Европа и САД мора да го прекинат стратешкото лимбо и да ѝ ја понудат на Украина единствената безбедносна рамка која некогаш ја сопре руската експанзија: Член 5.

5. Обезбедете одговорност и санкции
Агресорите мора да се соочат со вистински последици. Мора да се продлабочат санкциите против лидерите, командантите и олигарсите на Русија. Специјалниот трибунал за злосторството агресија (основан во јуни 2025) мора да биде овластен, финансиран и поддржан од земјите на ЕУ и НАТО.

6. Поддржете ги медиумите и граѓанското општество
Слободните медиуми и граѓанското општество се првиот одговор против пропагандата. Европа мора да финансира независно новинарство во Украина и во регионите блиску до фронтот, и да ги зајакне граѓанските мрежи низ Западен Балкан и Источна Европа, каде кремаљските дезинформации ја разјадуваат демократијата.

7. Водете дипломатија без додворување
Дипломатските иницијативи мора да ја почитуваат сувереноста и правдата, а не да водат кон празни компромиси. Тоа бара градење глобални коалиции, реформирање на меѓународните институции и вградување на одговорност во секое решение. Мир без правда не е мир — тоа е предавање.

8. Мобилизирајте ја јавноста
Граѓаните на Европа мора да бидат вклучени. Јавните кампањи мора јасно да дадат до знаење дека одбраната на Украина е одбрана на самата Европа. Граѓанското општество, академијата и културните институции мора да се спротивстават на дезинформациите и да ја истакнат суштината: ова е фронт на демократијата.

Ова не се апстрактни идеали — тоа се конкретни чекори, мерливи, според испорачаното оружје, распределените фондови и спроведените закони.

Додворувањето кон Русија — било царска, советска или путинистичка — трае со векови, но мора да престане. Европа повеќе не може да си дозволи илузии или половични мерки. Принципите — демократија, суверенитет, човекови права — не може да бидат предмет на преговори. Без демократија, светот на 21-от век нема да преживее.

Ако Европа избере решителност, таа нема само да ѝ помогне на Украина да извојува победа, туку ќе ја заштити и сопствената иднина. Ако не успее, ризикува да потоне во нова ера на додворување и авторитарна експанзија.

Изборот е историски. Времето за акција е сега. Или да ѝ кажеме збогум на демократијата.

Defending Democracy and Human Rights – Report and Policy Recommendations (LINK)

History Reloaded: The Price of Appeasing Russia

ЦИВИЛ МЕДИА | Текстот е личен став на Авторот.
Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Лажги

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ