Претседателот Стево Пендаровски, на својата Фејсбук страница сподели импресии и фото албум од Конференцијата „Меѓу стремежите и реалноста“ посветена на постигнувањата, предизвиците и перспективите на граѓанското општество, на која тој учествуваше како почесен говорник.
Очекувам дека и во периодот што ни претстои ќе продолжиме да градиме демократска држава во која успехот на едниот нема да биде на сметка на успехот на другите и во која законите ќе важат за сите – подеднакво. Во која ќе се штитат правата и слободите наместо привилегиите.
Честитки за ЦИВИЛ по повод 20 години од основањето.
– напиша Претседателот Пендаровски.
https://www.facebook.com/SPendarovski/posts/3097660996914011