• Latest
Избори 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Претседателски избори: Успешни, наспроти „тивкиот бојкот“

May 8, 2024
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025

Во Црна Гора уапсени осум лица поради насилство и поттикнување национална и верска омраза

October 29, 2025
Совет за безбедност на ОН

Во ОН ќе се дискутира за ситуацијата во Босна и Херцеговина, Додик очекува поддршка од Русија

October 29, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Директорот и управителот на „Комунална хигиена“ добија 30 дена притвор

October 29, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

Најмалку 50 загинати во ноќешните израелски напади врз Појасот Газа

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Претседателски избори: Успешни, наспроти „тивкиот бојкот“

May 8, 2024 20:23
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Избори 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Избори 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Овие претседателски и парламентарни избори поминаа мирно, со наводен тивок бојкот за претседателските избори, иако партиите претходно ги повикаа граѓаните да излезат на избори, особено за претседателските за кои што требаше да се постигне цензус од 40 отсто излезност.

Ако се погледне разликата од одзивот за претседателски и парламентарни избори објавен од ДИК од средините со претежно албанско население, гласачките кутии за претседателските избори беа речиси празни.

Според медиумите и информациите од набљудувањето на теренот, во тие средини одзивот на граѓани кои избираа да гласаат за шеф на државата беше мал, а спротивно се случуваше со гласачките кутии за парламентарните избори.

Прв се јави претседателот Стево Пендаровски кој пред голем број домашни и странски медиуми алрамираше дека има информации дека се случува бојкот на вториот круг на претседателските избори.

“Има информации дека на некои места и зборни единици постојат обиди за организиран бојкот, за неприфаќање на второто ливче за претседател. Ако тие информации се точни, јас би сакал да ги осудам однапред, затоа што мислам дека за една демократија е неприлично ако се ограничува правото на избор“, изјави Пендаровски.

Вицепремиерот Артан Груби кој истовремено е и шеф на кабинетот на Али Ахмети, потврди дека не гласал за претседателските избори.

Тој на новинарско прашање, откако излезе од гласачкото место, одговори дека не гласал за претседател на државата, но и дека нема бојкот за претседателски избори.

„Не гласав за претседателските, бидејќи не сакам да легитимирам претседател или претседателка која е против УЧК, против Охридскиот договор, против добрососедството со Косово, со Бугарија, со Грција, против интеграција во ЕУ и уставните измени, против пријателството со САД. Не сакам идниот претседател или претседателка да го има и легитимитетот на гласовите на демократскиот свет тука во Северна Македонија. Затоа го искористив моето демократско право да гласам за парламентарните, но не и за претседателските избори“, објави Груби на социјалните мрежи.

Она што Мониторинг тимот на Цивил го констатира дека тивкиот бојкот на претседателските избори што започна уште во предвечерието на денешниот изборен ден, со активности на партиски активисти и симпатизери на социјалните мрежи, продолжи на почетокот на изборниот ден, за во попладневните часови тој да стане малку погласен, пред сè од одредени партиски активисти.

Според информациите од набљудувачите на Цивил од теренот, во повеќе избирачки места во државата се забележани случаи на активности со цел да се влијае на гласањето за претседател на државата. Така, на пример, од набљудувачи на избирачко место во Гостивар е забележано присуство на партиски активисти пред избирачките места кои ги наведувале гласачите да гласаат само на парламентарните избори, а да не го земаат гласачкото ливче за претседателски  избори.

Понатаму, во Битола забележан е случај на гласно извикување пред изборната комисија за намерата да се гласа и за двата избори.

На избирачко место во Аеродром се бележи случај во кој членка на Избирачкиот одбор ја прашала својата колешка дали да ги даде двете гласачки ливчиња на гласачот. Ѝ било одговорено со зборовите: „Двете, за што инаку дошла?“

Во друго избирачко место во истата општина, избирачкиот одбор на глас прашува гласач зошто не гласа за претседателски избори.

Во две други скопски општини, Чаир и Ѓорче Петров, членови на избирачки одбор сугерираат да не се гласа за претседател. На друго, пак, избирачко место, претседателот на ИО го прашал гласачот дали ќе гласа и за претседателски и за парламентарни избори по што гласачот со висок тон реагирал, сметајќи дека тоа е уценување, и нема да каже за кого ќе гласа, по што си ја земал личната карта и го напуштил гласачкото место без да гласа.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ