• Latest
Фото: МИА архива

Претстојниот период активности за консолидирање на „Твоја Македонија“, во меѓувреме и разговори со Вреди и ЗНАМ за соработка за престојните избори, најави Мицкоски

February 6, 2025
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Претстојниот период активности за консолидирање на „Твоја Македонија“, во меѓувреме и разговори со Вреди и ЗНАМ за соработка за престојните избори, најави Мицкоски

February 6, 2025 15:05
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Фото: МИА архива

Фото: МИА архива

Share on FacebookShare on Twitter

ВМРО-ДПМНЕ во моментов работи на мобилизирање во сопствените внатрешни структури, се одржуваат состаноци со општинските комитети, вчера имало состанок со тој во Карпош, денеска во Ѓорѓе Петров, утре во Кисела Вода… Овој месец се планирани средби со поширскиот партиски состав, месните комитети, координатори на избирачки места, унија на жени, на млади. Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски денеска на брифинг со новинари она што го прават од овој месец па натаму во пресрет на локалните избори наесен е пред се консолидирање на коалицијата „Твоја Македонија“.

Тој одговарајќи на новинарско прашање за коалицирање со Вреди за престојните локални избори, истакна дека очекува процес на консолидација на коалицијата “Твоја Македонија“ да заврши до април или мај, а како што најави во меѓувреме ќе разговараат и со нивните партнери во Владата, Вреди и ЗНАМ за соработката на престојните локални избори.

Тој и пред два дена на прес-конференцијата во Владата со министертот за локална самоуправа Златко Перински посветена на вториот повик за финансирање проекти на општините се осврна на прашањето за поддршката на кандидатите на Вреди на изборите и за евентуална коалиција, при што одговори дека нема конечна одлука и оти во наредните седум месеци до стартот на кампањата ќе разговараат со  коалициските партнери во Владата, но дека „природен след на настаните“ е „соработката на централно ниво да се преслика на соработка на локално ниво“.

-Природно е Владата вака како што функционира, а функционира со исклучителна кохезија, да продолжи да функционира и во избори и надвор од изборни процеси. Нечесно е политика на двојни стандарди – да имате заедничка платформа и програма и така функционирате, а на Локални избори да препознаете друга платформа или политика, додаде Мицкоски.

Најголемиот дел од имињата за кандидати за градоначалници на коалицијата „Твоја Македонија“ треба да бидат познати во втората половина на мај, првата половина на јуни.

Ова очекување Мицкоски го изрази на прес-конференцијата во вторникот, при што напомена дека општинските комитети и коалициските партнери во рамки на, како што рече, внатрепартиска и демократска процедура, добиле порака да се пријави секој што смета дека има амбиција, програма, визија и платформа за да води некоја од општините.

-Да се пријави секој што цени дека може да додаде вредност и ќе биде вклучен во мерењата. Тоа е еден партиски и коалициски механизам кој ние го имаме, во мерењата помеѓу граѓаните, во средината во која поединецот има амбиција и, откако ќе ги сублимираме резултатите, тогаш ќе излеземе во јавноста со имиња, рече Мицкоски, пренесе МИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ