• Latest

Пријавувањето на корупцијата во општините е однапред загубена битка

May 25, 2020

24 ЧАСА: Оган ја гори Македонија; 6.600 граѓани тргнаа пешки до Сребреница; Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пријавувањето на корупцијата во општините е однапред загубена битка

May 25, 2020 15:57
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Резултатите од анкетата во рамки на проектот „Рефлектор врз антокорупциските политика на локално ниво“, што го спроведува НВО Инфоцентар, направена во јануари годинава на примерок од 1102 испитаници, покажуваат дека голем број граѓани во земјава сметаат оти корупцијата е присутна на локално ниво, но уште поголем процент сметаат дека пријавувањето корупција е однапред изгубена битка.

Перцепцијата на граѓаните е дека институциите не се ефикасни во спречувањето и санкционирањето на корупцијата, но и дека пријавувањето корупција може да му предизвика проблеми на оној кој пријавил коруптивно однесување. Корупцијата во општините, според граѓаните, најзастапена е при вработувањата, назначувањата директори, издавањето градежни дозволи, инспекцискиот надзор, подготовката на деталните урбанистички планови, јавните набавки, субвенциите. Граѓаните се изјасниле дека сите функции и позиции на локално ниво се подеднакво подложни на корупција, но потоа ги издвоиле локалните инспектори, градоначалниците, општинските службеници и директорите на јавните институции, претпријатија и установи на локално ниво.

Висок процент од граѓаните не се задоволни од насоката во која се движат работите во нивните општини, како и од работата на општинската администрација. Граѓаните, исто така, не се многу задоволни од транспарентноста и отчетноста на општините односно сметаат дека општинските буџети не се трошат за задоволување на нивните потреби, дека не се доволно вклучени во планирањето на буџетите, но и дека не се доволно информирани за тоа како се трошат општинските пари. Речиси половина од граѓаните сметаат дека има има многу корупција на локално ниво.

Жителите на Полошкиот регион, етничките Албанци и луѓето на возраст од 30 до 69 години, сметаат дека има многу корупција на општинско ниво. Според граѓаните најмногу корупција има при: вработувањата во општините, јавните претпријатија и установите (66%), назначувањето директори на јавните претпријатија и други институции (66%), издавањето градежни дозволи (62%), спроведувањето инспекциски надзор (61%), подготовката на деталните урбанистички планови (59%), спроведувањето јавни набавки (59%), доделувањето субвенции (59%) и наплатата на даноците (56%).

Во однос на тоа која позиција/ функција е најподложна на корупција речиси третина од испитаниците гo посочиле одговорот кој не беше во листата на понудени одговори – „сите подеднакво“ (32,6%). Потоа следат инспекторите со 17,5%, градоначалниците со 10,4%, службениците со 10,1% и директорите со 8%. Речиси третина од граѓаните сметаат дека степенот на корупција е ист со оној во 2017 година, додека 26% сметаат дека има помалку корупција, а 25% сметаат дека има повеќе корупција на локално ниво. Тринаесет проценти (13%) од испитаниците изјавиле дека тие лично или нивен близок се соочил со корупција во односите со локалната власт, а од нив само 15% пријавиле корупција.

Од аспект на регионалната застапеност, речиси четвртина од испитаниците од Источниот регион изјавиле дека се соочиле со корупција, додека истото го тврдат само 6% од испитаниците во Североисточниот регион. Што се однесува до возраста, граѓани кои најмногу се соочиле со корупција се оние на возраст од 30 до 49 години односно работно најактивниот дел од населението. Покрај перцепцијата на граѓаните дека на локално ниво има корупција, загрижувачки е податокот дека дури 66% сметаат дека пријавувањето корупција може да му предизвика проблеми на оној кој пријавил коруптивно однесување, а речиси 60% сметаат дека пријавувањето корупција е однапред изгубена битка бидејќи надлежните институции не се ефикасни во спречувањето и санкционирањето на корупцијата.

На прашањето каде би пријавиле корупција, речиси четвртина од испитаниците (22%) воопшто не би пријавиле корупција, 33% проценти би пријавиле во полиција, 18% во медиумите, 17% во Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), 8% кај Омбудсманот, 7% во обвинителство и 4% кај некоја граѓанска организација. Од аспект на транспарентноста и отчетоста на општините, мнозинството од испитаниците не се чувствуваат вклучени во планирањето на општинските пари и не се доволно информирани за тоа како се трошат општинските средства.

Во однос на работата на градоначалниците, 38% од граѓаните сметаат дека градоначалникот во нивната општина одлично си ја врши својата работа, а 37% му даваат негативна оценка. Највисока оценка на своите градоначалници им дале жителите на Вардарскиот, Североисточниот и Југоисточниот регион, додека помалку задоволни се жителите на Скопскиот, Пелагонискиот и Полошкиот регион. Жителите на руралните средини се позадоволни од градоначалниците за разлика од оние во градовите.

Кога станува збор за општинската администрација, речиси 40% не се задоволни од нејзината работа, а најмалку задоволни се жителите на Полошкиот регион. Висок процент од испитаниците (37%) сметаат дека работите во нивната општина се одвиваат во лоша насока, наспроти 29% неопределени и 31% кои сметаат дека работите се одвиваат добро.

П. К.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ