• Latest

Прикривање на воените злосторства во Јемен

August 26, 2018
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Прикривање на воените злосторства во Јемен

August 26, 2018 08:00
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Истрагите за воени злосторства извршени од воената коалиција предводена од Саудиска Арабија во Јемен, немаат кредибилитет и не успеаја да обезбедат правда за цивилните жртви, објави Хјуман рајтс воч.

Извештајот на Хјуман рајтс воч е на 90 страници и носи наслов: “Криејќи се зад Коалицијата: Неуспехот да се истражи и да се обезбеди правда за незаконските напади во Јемен”. Во извештајот се анализира работата на истражниот орган на коалицијата, наречен Заеднички тим за проценка на инциденти (Joint Incidents Assessment Team – ЈИАТ), во изминатите две години.

Хјуман рајтс воч во својот извештај обелодени дека работата на ЈИАТ е далеку под нивото на меѓународните стандарди во однос на транспарентноста, непристрасноста и независнноста. ЈИАТ е основан во 2016 година под притисок од меѓународната јавност, а по натрупаните докази за кршењето на законите на војната и воените злосторство извршени од страна на воената коалиција во Јемен. Експертите на ЈИАТ, ни по две години непречена работа, не успеаја да најдат докази за „тврдењата и несреќите“ за време на воените операции. Сѐ што ЈИАТ успеа да направи е да обезбеди крајно сомнителни анализи и заклучоци.

“Повеќе од две години коалицијата тврдеше дека ЈИАТ веродостојно ги испитува наводно незаконските воздушни напади, но истражувачите спроведоа нешто што е налик на прикривање на воените злосторства”, рече Сара Леа Витсон, директорка на блискоисточната канцеларија на Хјуман рајтс воч. “Владите што ѝ продаваат оружје на Саудиска Арабија треба да признаат дека лажните истраги на коалицијата не ги штитат од тоа да бидат соучесници во сериозните повреди на правото во Јемен”.

Јавните заклучоци на ЈИАТ предизвикуваат сериозни прашања во врска со истрагите за примената на законите на војната. Во огромен дел од нивната истрага се тврди дека коалицијата постапувала законски, нивните тимови не ги истражиле пријавените напади или тврдат дека коалицијата направила „ненамерни“ грешки. Од 75 јавни извештаи за кршење на законите на војната и за воени злосторства во Јемен, ЈИАТ препорачува самата воена коалиција да преземе понатамошни истраги или дисциплински мерки во само два случаи.

подготви: М. Л.

Tags: ЈеменСаудиска АрабијаХјуман рајтс воч
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ