На покана на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, утре ќе учествува на состанокот на Северно-атлантскиот совет по повод потпишувањето на Пристапниот протокол за членство на Република Македонија во НАТО, што ќе се одржи во седиштето на НАТО во Брисел.
На состанокот 29 земји членки, претставени од нивните овластени Постојани претставници во НАТО, ќе го потпишат Протоколот за пристапување на Република Македонија во НАТО. По овој процес следува ратификација на Пристапниот протокол во националните Парламенти на земјите членки на НАТО.
По потпишувањето на Пристапниот протокол, Република Македонија ќе учествува на сите состаноци на НАТО, во својство на поканета земја.
Б. Ј.