• Latest

Притвор за уште две лица за случајот со штитеничката од Домот за деца „25 Мај“

May 4, 2018
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Притвор за уште две лица за случајот со штитеничката од Домот за деца „25 Мај“

May 4, 2018 17:50
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка за уште две лица македонски државјани инволвирани во предметот со случајот на штитеничката од ЈУ Завод за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје (Дом за деца „25 Мај“).

По предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје на осомничените лица им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

На лицата им се става на товар дека сториле кривично дело Трговија со дете за кое е предвидена казна затвор од најмалку 12 години. Осомничените иако знаеле дека детето е жртва на трговија со луѓе биле корисници на сексуални услуги и друг вид екплоатација од малолетното лице.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, следејќи ги написите во врска со овој случај отвори предмет по допрен глас.

По спроведени предистражни дејствија, надлежниот јавен обвинител во февруари донесе наредба за спроведување на истрага против едно лице за сторено кривично дело Трговија со дете. Тогаш, на Предлог на јавниот обвинител со одлука на судот на лицето му беше определената мерка притвор која се продолжува во континуитет согласно постојаното прибирање на доказниот материјал за расветлување на овој кривично правен настан. ​

Осомниченото лице од декември 2017 година до 6 февруари 2018 година употребувајќи сила, измама и присилба, а воедно искористувајќи ја детската немоќ, го подвела оштетеното дете на вршење на полови дејствија со полнолетни мажи во повеќе градови низ земјава. Осомничената го превезувала детето, го продавала, го нудела на продавање заради експлоатација по пат на користење на сексуални активности за паричен надоместок, го присилувала на принудна работа и слугување и организирала и присилен брак што не се реализирал.(МИА)

Tags: 25 Мајистрагаштитеничка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ