Полицијата денеска го приведе поранешниот директор на македонската Царинска управа, Драган Даравелски, информираат од МВР за „360 степени“.
„Денеска (10.01.2023) на ГП ‘Табановце’ е приведен Д.Д., кој се бараше со меѓународна потерница, и ќе биде пренесен во надлежната казнено-поправна установа“, соопштија од МВР.
Драган Даравелски е поранешен директор на Царинската управа кој е осуден за злоупотреба на службената положба во Царината во периодот од 1999 до 2002 година во вредност од над 2 милиони евра. По изречената пресуда во 2007 година, за Даравелски следуваа и низа кривични пријави за злоупотреба на службената должност и овластувања по разни основи, а меѓу нив најтешката е за неуплатување на приходите од царините во Буџетот на државата.