Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, БЈБ и МВР вчера се извршуваа претреси на повеќе локации низ државава, а приведени се Ратко Капушевски, сопственик на РКМ ЕНЕРЏИ, и Асмир Јахоски сопственикот на Пуцко Петрол, јавуваат медиумите.
Претресите се со Наредба на судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, а во врска со сторени кривични дела поврзани со набавка на сомнителни деривати, мазут.