• Latest

Премолчено во „отчетот“ на ВМРО-ДПМНЕ: Реално, 600.000 млади избегаа од Македонија, за да не станат „робови“ во сопствената држава!

December 27, 2016

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Премолчено во „отчетот“ на ВМРО-ДПМНЕ: Реално, 600.000 млади избегаа од Македонија, за да не станат „робови“ во сопствената држава!

December 27, 2016 17:56
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На официјалната страница на ВМРО–ДПМНЕ е објавен „Отчет“ за наводните успеси во 10-годишното владеење со Македонија, со пропагандниот слоган: „Реално! Работа, сигурност, напредок!“ Во извештајот како ударни, се изнесени податоци за намалувањето на невработеноста, за зголемувањето на пензиите, за позиционирањето на Македонија во „Топ 10“ – држави за водење бизнис, и за отворањето на нови работни места… И сé би било во контекст на досегашното пропагандистичко замајување и дефокусирање на јавноста, кога бројките би издржале и минимална проверка и споредба со реалноста…

„Над 160 илјади нови работни  места се отворени од доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт од 2006 година до денес, што овозможи пад на невработеноста од 38 на 24 проценти. Рангирањето на Македонија е во првите 10 држави во светот, и првите пет во Европа, според условите за водење бизнис, стои во најновиот извештај на Светската банка, ‘Дуинг бизнис’, како и последните статистички податоци за растот на индустриското производство. Според Државниот завод за статистика, стапката на невработеност изнесува 23,4 отсто. И, за 10 години, најниската пензија се зголеми за 90,3 отсто“, се вели во рекламата на ВМРО-ДПМНЕ.

Фалбоспевите се дел од перманентната кампања на ВМРО-ДПМНЕ, но во еден вистински отчет, партијата која цела деценија владее со Македонија, би морала да даде објаснување на бројните отворени прашања, кои ја доведуваат во прашање смислата на изнесеното.

На пример, реално, стапката за невработеност се намалува и со тоа што, доколку невработено лице не се пријави навреме во Бирото за вработување, по автоматизам, системот го брише како активен барател на работа. За празните градови во Источна Македонија, чие население, со бугарски пасоши или „на црно“ агратува во Италија и во другите европски земји, и да не зборуваме… Важно, бројот на невработени, според ВМРО-ДПМНЕ, се намалува. Ако некогаш државава најде сили и способности да организира попис, реално, трагедијата на Македонија ќе нé удри в лице со сета жестина, а лагите ќе се распрснат како меур од сапуница.

Реално, пензиите се зголемија, а исто така, и турканиците во автобусите, бидејќи пензионерите добија и бесплатен автобуски превоз, навистина, само во Скопје. Но, јавна тајна е дека Пензискиот фонд е на апарати за преживување, и кај и да е, апаратите ќе откажат, бидејќи пензиите сé уште делат, но секој вторник, секоја седмица, Владата се задолжува со нови и нови кредити и ги фрла следните генерации во должничко ропство… Реално.

 

gostivar112016

Десетгодишното владеење на ВМРО – ДПМНЕ, на чело со Никола Груевски, наводно го зголемило бројот на вработени. Но, еден граѓанин напиша: „Отварање на нови работни места во Македонија, тоа пред 100 години во Америка го викаа – трговија со робови“. Колку е реално зголемувањето на бројот на вработените, освен невидената превработеност во администрацијата, за експанзија на бројот на нови гласачи за власта?

Реално, средствата кои државата Македонија им ги дава на странските инвеститори во ТИРЗ-овите, а која не е достапна под исти услови и за евентуалните домашните инвеститори, ја доведува во прашање логиката на Владата, особено ако се знаат платите и правата на граѓаните во Македонија, вработени во дел од таквите фирми.

Сурово реално, околу 600.000 млади македонски граѓан(к)и ја напуштија Македонија, за да не станат робови во сопствената држава и да работат за плата која не им достасува ни за преживување, а збор да нема – за достоинствен живот.

За тоа некој мора да поднесе отчет! Реално.

Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 600.000 иселениВМРО - ДПМНЕотчетРеално!Робови
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ