• Latest

Продажбата на електрични возила во светот лани била зголемена за 43 %

January 23, 2021

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Продажбата на електрични возила во светот лани била зголемена за 43 %

January 23, 2021 12:07
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Глобален пресврт во продажбата на електрични автомобили во светот може да се очекува наскоро, заедно со падот на цените на батериите за овие возила. Во 2020 година продажбата на електрични возила на меѓународно ниво се зголемила за 43 отсто, пишува „Гардијан“. 

Најдалеку во купувањето на електрични автомобили лани отиде Норвешка, каде уделот на овие возила во продажбата на нови автомобили во 2020 година изнесувал дури 54,3 отсто.

Податоците покажуваат дека 4,2 отсто од новите возила во светот биле електрични. Навистина, најголем напредок во нивното купување направија граѓаните од богатите скандинавски земји, но предвидувањата на „Гардијан“ се дека многу брзо електричните возила ќе постанат достапни за граѓаните од останатите земји и без вообичаените даночни олеснувања и субвенциите што ги воведуваат владите ширум светот.

Опаѓањето на цената на батериите е драматична, па така неодамнешно истражување покажува дека еден ваков пакет на батерии чини 4.100 долари, со тенденција на натамошно зголемување на производството и намалување на материјалните трошоци за нивно производство. Како резултат на ова, во следните пет години електричните возила најверојатно ќе постанат најисплатливиот избор за возачите во многу делови од светот.

Очекувањата се дека во 2023 година, батериите за електричните возила ќе ја достигнат цената од 3.000 долари, при што вкупната цена за набавка на едно вакво возило ќе биде идентична на купувањето нов автомобил на погон на бензин, дизел или друго гориво.

Инаку, Норвешка има развиено државна стратегија за целосно искоренување на продажбата на бензински и дизел автомобили како нови возила во земјата најдоцна до 2025 година, додека светските производители на електрични автомобили се натпреваруваат во Норвешка, која традиционално со години наназад важеше за еден од најголемите производители на нафта во светот./ META

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ