На денешното продолжување на вчерашната седница на македонскиот парламент ќе продолжи расправата по Законот за Антикорупциска.
Претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа седницата за 16 часот. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ по вчерашните недоразбирања постигнаа согласност за овој закон. Како што е соопштено, парламентарното мнозинство прифати 20 од 40 предложени амандмани од опозицијата.