Во Кривичниот суд денеска ќе продолжи судењето за предметот „Титаник 2“ изборните нерегуларности во 2013 година.
Во предметот обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, екс директорот на УБК Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Сашо Срцев и Влатко Сајковски.
На претходното рочиште се пуштаа разговори од високи функционери, а се слушна како премиерот Никола Груевски и новинарот Драган Павловиќ разговараат дека на некои места ќе има повторно гласање.
Б. Ј.