• Latest

Продолжува организираната хајка врз невладиниот сектор, наклеветените организации најавуваат тужби!

February 6, 2017

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Продолжува организираната хајка врз невладиниот сектор, наклеветените организации најавуваат тужби!

February 6, 2017 11:47
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението „Стоп Операција Сорос“ (СОС) иницираше акција за наводно обелоденување на задните намери на, како што велат, голем број невладини организации, и ги обвини за функционирање со финансиска помош од странство со која наводно се влијае врз политичката ситуација во Македонија.

Од здружението СОС велат дека имаат индиции дека и Шарената револуција и „други предизборни активности“на опозицијата биле финансирани преку проекти на невладини организации со донации од Фондацијата Институт Отворено општество Македонија.

Речиси сите организации кои беа споменати и засегнати од „акцијата“ на здружението СОС се огласија во јавноста со деманти, барајќи извинување од иницијаторите за основање на здружението, Цветин Чилиманов и Никола Србов, а во спротивно, најавуваат тужби.

„Здружението за локален развој ‘Акција плус’ – Ресен најостро ги осудува лагите и клеветите искажани од страна на Цветин Чилиманов и Здружението Стоп Операција Сорос на нивниот прес, одржан на ден 4 февруари 2017 година и ги отфрла како неточни и лажни. Здружението за локален развој ‘Акција плус’ – Ресен демантира дека служело како партиски штаб на СДСМ – Ресен и дека работата на Здружението претставува „грубо кршење на принципите на работа на невладиниот сектор и негово тотално партизирање под капата на СДСМ“, стои во соопштението на ‘Акција плус’.

Од Здружението на европските млади федералисти (ЏЕФ),  велат дека информациите на СОС се неточни и тенденциозни. Тие додаваат дека не се формирани за време на кризата, туку постојат 26 години, а меѓу основачите бил и актуелниот шеф на државата Ѓорге Иванов.

Слично реагираат и во  „Метаморфозис“, организација која деновиве се соочува и со финансиски контроли од УЈП, но не само за последната година, туку, , како што велат, за изминатите пет години. Според „Метаморфозис“, оваа операција е наменска, со политичка заднина.

Со демант излезе и Здружението на граѓани „Патокази“ од Гевгелија.
„Најостро се спротивставуваме на искажаните невистини и груби клевети од граѓанското движење СОС посебно на презентерот Никола Србов, и јуришникот во клеветење, новинарот Цветин Чилиманов, кои без никакви докази, контакти со организацијата, или материјали од терен, ја посочија нашата организација како организатор на илегално преминување на границата на мигрантите од јужните предели во Македонија“, стои во соопштението на организацијата.

Здружението на граѓани ПРОЕКТ-ЕУ од Кавадарци исто така ги демантира обвинувањата од СОС. Од ова здружение велат: „Гнасна и монструозна лага е дека пред изборите нашето здружение примило три милиони денари за да генерира криза во општеството, како и тоа дека ПРОЕКТ-ЕУ издејствувала децата да не учат математика, што е ординарна лага“.

И Здружението на граѓани „Организација на жени од Струмица“ испрати демант во врска со, како што вели, невистините искажани за нив од „Стоп операција Сорос“.

„Организација на жени на Општина Струмица не е ниту ‘дел од партијата СДСМ’, ниту пак ‘партиски клуб на партијата’, како што наведуваат од движењето СОС. Организација на жени на Општина Струмица не е наменски основана за нечии цели“, стои во демантот на организацијата.

 

Tags: граѓанидемантздруженијаНВОобвинувањаПритисокСОСтужби
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ