• Latest

Продолжуваат протестите во Хрватска, можни се и предвремени избори

October 29, 2019
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Продолжуваат протестите во Хрватска, можни се и предвремени избори

Во Хрватска веќе 14. ден трае штрајкот во образованието, па и денеска нема да има настава во училиштата во Градот Загреб и во Дубровничко-неретванската жупанија.

October 29, 2019 12:05
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Хрватска веќе 14. ден трае штрајкот во образованието, па и денеска нема да има настава во училиштата во Градот Загреб и во Дубровничко-неретванската жупанија. Штрајкот продолжува, со оглед на тоа дека Владата ниту вчера, на преговорите со синдикатите за основицата за државна и јавна служба не понуди термин за состанок за коефициенти.

Синдикатот за наука денеска ќе најави ќе најави нов ден за штрајк во системот на науката и високото образование, а синдикатите на учителите и вработените во средните училишта ќе го соопштат натамошниот тек на штрајкот.

Претставниците на синдикатот вчера го напуштија првиот круг преговори за основицата на платата бидејќи од Владата не добија термин за разговори за коефициент за комплексноста на работата. Синдикатот од своите барања не отстапува, а хрватската Влада порачува – не прифаќаме уцени.

Претседателот на синдикатот Препород Жељко Стипиќ изјави дека штрајкот трае веќе 14 дена и оти се почесто се наметнува прашањето дали воопшто има надеж дека ќе дојде до договор со Владата.

Тој вели дека Препород во последната година сторил се што можел за Владата да ги смени коефициентите.

Во меѓувреме, колицијскиот партнер на владејачката ХДЗ – Хрватската народна партија (ХНС) му порача на премиерот Андреј Пленковиќ дека ќе ја напуштат коалицијата доколку не се најдат финансиски средства за поголеми плати на вработените во училиштата.

Најверојатно в четврток на владина седница ќе биде буџетот за следната година, а ХНС веќе најави дека нема да го поддржи доколку не се исполни нивното барање за поголеми плати во просветата.

Министерот за здравство Милан Кујунџиќ истакна дека ХДЗ нема да се согласи на уцените од коалицискиот партнер.

– Секогаш има решение. Платите во Хрватска се релативно мали и сите очекуваат поголеми плати. Но треба да се најде мера, мера и во разбирањето и дијалогот. Премиерот нема да дозволи никој да го уценува. Верувам дека ХНС до четврток ќе се соземат и ќе ја сфатат хрватската реалност, оцени Кујунџиќ.

Владата веќе даде понуда која вклучува зголемување на платите за шест отсто за сите вработени на кои плата им дава државата, но наставниците и професорите бараат поголеми коефициент и кои би ги изедначиле со останатите од државната служба.

Хрватските медиуми информираат дека наставниците во просек имаат плати од 800 до 1000 евра, професорите нешто поголеми, а лидерите на синдикат – 2.300 евра.

– Тоа е речиси како мојата премиерска плата, реагираше Пленковиќ, кој не ја отфрла идејата за предвремени избори, доколку ситуацијата дополнително се закомпликува.

Поголеми плати наскоро би можеле да побараат и многу други, кои средства добиваат од државата, со што би можело да настане општ хаос и целосно да се оневозможи носењето буџет. Проблем не се основиците, туку коефициентите кои на некои значително им ги зголемуваат платите, па административниот персонал за наједноставни работи заработува повеќе од висококвалификувани медицински сестри. Освен незадоволните медицински сестри, протест најавуваат и полицајците.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ