Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето за предметот „Титаник“, кој се однесува на изборни нерегуларности.
Во предметот „Титаник“ обвинети се: Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.
На последното рочиште за предметот „Титаник“ беа презентирани материјални докази, како документи, списоци од избирачки места, телефонски разговори.
Покрај ова судење, денеска треба да се одржи и судење за случајот „Титаник 3“, во кој се обвинети Ејуп Алими и Исмет Гури од ДУИ.
А. П.