• Latest
проф. д-р Катерина Колозова

Проф. Колозова одржа предавање во Школата за материјалистички истражувања, дигитална платформа на светски познати академски институции

May 30, 2021

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НАУКА

Проф. Колозова одржа предавање во Школата за материјалистички истражувања, дигитална платформа на светски познати академски институции

May 30, 2021 12:05
in НАУКА, ТОП 5
проф. д-р Катерина Колозова

проф. д-р Катерина Колозова

Share on FacebookShare on Twitter

Во својата богата програма, престижната глобална дигитална Школа за материјалистички истражувања организира седум предавања во кластерот „Хегел и материјализмот“ кои ги држат најпознати светски филозофи на денешницата. Школата е формирана од Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, Северна Македонија, Центарот за филозофски технологии на Државниот универзитет на Аризона, САД, Оддел за теорија на архитектурата и филозофија на технологијата при Техничкиот универзитет на Виена, Австрија и Академијата за дизајн, Лабораторија за критички истражувања од Ајндховен, Холандија.

„Оваа глобална школа е дигитална и бесплатна, а предавачите и администраторите работат волонтерски, предавањата се бесплатни, а и предавачите волонтираат. Целта е да се развие длабоката интердисциплинарност на глобално ниво и да се презентираат и креираат нови идеи кои ќе ги дадат насоките за поинаков развој на човештвото. Дигитализацијата на академската сфера овозможува една ваква глобална неформална школа на доживотно учење“, изјави проф. д-р Катерина Колозова за ЦИВИЛ МЕДИА.

Предавачите, освен проф. д-р Колозова, се и Џон Маларки, Грег Мајклсон, Пол Кокшот, Реј Брасиер, Ан-Франсоаз Шмит, Џузепе Лонго, Агон Хамза, Адам Ночек, Вера Булман, Ирис ван дер Туин и низа други.

Во овој навистина ѕвезден line-up со најактуелните и најценетите мислители во светот, во дигиталната Школа за материјалистички истражувања, проф. д-р Катерина Колозова одржа предавање под наслов „Маркс против Хегел“ (29 мај 2021 година).


Школата за материјалистички истражувања е простор за напредно учење, дигитална, неформална и бесплатна на која слушатели се и самите професори во престижните академски институции во светот, но отворена е за секој заинтересиран што сака и може да следи научни содржини каде што се бележи иновативност и приближување на науките и филозофијата и општествените науки во формат на една длабока интердисциплинарност.

Семинарот „Хегел и материјализмот“ истражува како Маркс идентификува една структурна константа во филозофијата, што е организациски принцип на филозофска доволност – субјективна перспектива. Ја обликува надворешната реалност за да ја отслика човечката субјективност. Ова е и принцип на организирање на друг тавтолошки универзум, оној на капитализмот – тој е фокусиран на човеот и на формата на „Универзалниот егоист“ (Маркс). Науката за видовите на човекот ја постулира целата реалност, вклучително и субјективната, како предмет на истражување и, според тоа, мислата како објективна. Овој тип на објективност е поставен над дијалектиката на субјект-објект. Наместо тоа, тој ја претпоставува перспективата на третата личност и од таа позиција на мислата, ја произведува неговата „фило-фикција“ (Ларуел). На овој начин, Маркс ја заобиколува заблудата на Кантовиот нуменон.

Проф. д-р Катерина Колозова е директорка на Институтот за општествени науки и хуманистички науки-Скопје и професор по филозофија, епистемологија и родови студии на ISSHS и исто така на Универзитетот Американ колеџ, Скопје. Таа е исто така визитинг професор на повеќе универзитети во Југоисточна Европа, особено на Катедрата за политички студии на ФМК-Белград. Во 2009 година, Колозова беше визитинг-научник на Одделот за реторика (Програма за критичка теорија) на Универзитетот во Калифорнија-Беркли, заедно со проф. Џудит Батлер.

Феминизмот и родовите студии се дел од темите кои постојано ги пронижуваат нејзините истражувања и наставни ангажмани, како и нивните пошироки аспекти: теории на субјективитет, идентитет, и сл. Во 2009 била визитинг професор со истражувачки ангажман на Универзитетот Беркли-Калифорнија под супервизија на Џудит Батлер. Во 2019 беше визитинг професор истражувач на Универзитетот Колумбија од Њујорк,  Школата за студии на јавни политики, во нивниот глобален центар во Париз.

Нејзините монографии се издадени од Columbia University Press, Bloomsbury Academic – London (UK), Punctum Books – New York (Brooklyn), а делови од поглавја на приредени книги објавила со Edinburgh University Press, Oxford University Press, Bloomsbury Academic, како и статии за журнали на Sage, Taylor and Francis, Palgrave Macmillan и бројни други.

Долги години работи на врската меѓу ригорозната наука и студиите на политики, посветена на претворањето на филозофските и научните увиди во практики на управување кои може да се применат, со фокус на т.н. „model of grand policies“, кој подразбира структурни и долгорочни преобразби и реформи во едно општество, кои не се сведуваат само на промислување на легислативата туку и културните и други општествени политики.

За проф. д-р Катерина Колозова прочитајте и во текстот „Портрет: Проф. д-р Катерина Колозова, светски позната авторка на бестселери во областа на филозофијата“.

Џ. Дерала

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ