• Latest

Прогласена воена состојба во Јужна Кореја

December 3, 2024
Фотомонтажа: ХИМАРС фото Д. Мишев.Гутков фото: Killed in Ukraine/X

Русија потврди: Заменик-командантот на руската морнарица убиен во украински напад во Курск

July 3, 2025
Фото: ВИ

24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на FoxNews објавено од Антон Герашченко на Х

Марк Руте: Лавров е министер за надворешни работи на Русија од времето на Исус, ништо корисно не излезе од неговата уста оттогаш

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
Al Jazeera English

Хамас задоволен од гаранцијата на САД за разговори за прекин на војната во Газа, примирјето на повидок

July 3, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Посмртните останки на седум жртви од геноцидот ќе бидат погребани во Меморијалниот центар за Сребреница во Поточари

July 3, 2025

Се отстранува „македонски идентитет и јазик“ во извештајот на ЕП за Северна Македонија, за Мицкоски тоа е „талибански начин“, за СДСМ премиерот е крив

July 3, 2025
Илустрација ВИ

Локални избори 2025: СДСМ без Костадинов, ВМРО-ДПМНЕ сигурни во победата, ЗНАМ сигурни во поддршката од ВМРО

July 3, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

July 3, 2025
фото: Цивил

Поради ниските плати луѓето земаат боледувања за да работат и друга работа

July 3, 2025

Косовското собрание не успеа да се конституира по 41-ви пат, граѓанското општество протестира, некои донесоа магариња

July 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Прогласена воена состојба во Јужна Кореја

December 3, 2024 20:39
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јол денеска прогласи „итна воена состојба“, обвинувајќи ја опозицијата дека го контролира парламентот, симпатизира со Северна Кореја и го парализира функционирањето на владата преку антидржавни активности.

Јун, во своето телевизиско обраќање, вети дека ќе ги „искорени про-севернокорејските сили и ќе го заштити уставниот демократски поредок“.

Овој потег наиде на остра критика, дури и од лидерот на неговата конзервативна партија, Хан Донг-хун, кој ја нарече одлуката „погрешна“ и најави дека ќе се спротивстави „заедно со народот“.

Лидерот на опозицијата, Ли Џае-Мјунг, кој тесно изгуби од Јун на претседателските избори во 2022 година, го нарече прогласувањето на воената состојба „незаконско и неуставно“.

Демократската партија, која е главната опозициска сила, ги повика граѓаните да се соберат пред Националното собрание, соопшти јужнокорејската агенција Јонхап. Пред Парламентот се распоредени силни полициски сили, кружат повеќе хеликоптери, а пред малку неколку од нив се приземјија врз зградата на Собранието.

Во меѓувреме, јужнокорејската новинска агенција Јонхап објави дека влезот во зградата на парламентот е блокиран. Според снимките од надвор од парламентот, се гледаат судири меѓу демонстрантите и полицијата додека луѓето се обидуваат да влезат во Националното собрание.

Би-Би-Си јавува дека во моментов во собранието се околу 70 опозиционери, а останатите се собираат надвор. Се очекува дека кога ќе пристигне спикерот Ву Вон-шик, тој ќе повика на гласање за укинување на воената состојба.

Би-Би-Си известува дека според очевидци, војниците на специјалните сили се во зградата на Парламентот.

Пратениците на опозициската партија беа повикани да се соберат во зградата на парламентот. Лидерот на Демократската партија, Ли Џае-Мјунг, изјави дека парламентот ќе се обиде да ја укине оваа мерка, нарекувајќи ја „неуставна“.

Прогласувањето на воена состојба доаѓа во време кога партијата на Јун, Народна партија на силата, и Демократската партија не можат да се договорат околу буџетот за следната година.

Според јужнокорејскиот закон, владата мора да ја укине воената состојба ако мнозинството во Националното собрание го побара тоа преку гласање. Пратениците на опозицијата, според претставникот Хонг Ки-Вон, се собрале во и околу парламентот, подготвувајќи се за гласање за укинување на мерката, но потоа дојде до судири со полицијата.

Претседателот Јун изјави дека „преку оваа воена состојба ќе ја обнови и заштити слободната Република Кореја“. Тој додаде дека ќе ги елиминира „антидржавните сили што ја загрозуваат нацијата“ и ги повика граѓаните да покажат трпение за „одредени непријатности“.

Декретот предвидува дека секој што ќе го прекрши може да биде уапсен без налог. Сите медиуми и издавачи ќе бидат под контрола на воената команда, а активностите на парламентот и политичките партии ќе бидат забранети.

Јун изјави дека немал друг избор освен да ја преземе оваа мерка за да го заштити слободниот и уставен поредок, бидејќи опозициските партии во Јужна Кореја го „заробиле“ парламентарниот процес. – Прогласувам воена состојба за да ја заштитам слободната Република Кореја од заканата на севернокорејските комунистички сили, да ги искоренам одвратните про-севернокорејски антидржавни сили кои ја ограбуваат слободата и среќата на нашиот народ и да го заштитам слободниот уставен поредок, изјави тој.

Еден јужнокорејски политички коментатор оцени дека потегот на претседателот Јун Сук Јол за прогласување на воена состојба е „чисто домашно политичко прашање“.

Претседателот претходно одбиваше повици за независни истраги за скандалите поврзани со неговата сопруга и високи официјални лица.

Политичкиот коментатор Хенри Шин изјави за „Скај њуз“ дека претседателот ги користи овие истраги за да тврди дека про-севернокорејски сили се обидуваат да ја соборат владата.

Претседателот ги опишува овие истраги како „постапки за импичмент“ или истраги што „неминовно би довеле до импичмент“, вели Шин.

Јун — чиј рејтинг на поддршка е намален во последните месеци — се мачеше да ја спроведе својата агенда против парламент кој е контролиран од опозицијата, откако ја презеде функцијата во 2022 година.

Конзервативната Народна партија на Јун е во конфликт со либералната опозициска Демократска партија околу буџетот за следната година. Опозицијата, исто така, се обидуваше да усвои предлози за импичмент на тројца главни обвинители, вклучувајќи го и шефот на Обвинителството за Централниот округ во Сеул, што конзервативците го нарекоа „одмазда“ за нивните кривични истраги против Ли, кој во анкетите се смета за фаворит за претстојните претседателски избори во 2027 година.

Во меѓувреме, по прогласувањето на воена состојба, што значи привремено владеење на воените власти во време на вонредна состојба, кога цивилните власти не можат соодветно да функционираат, јужнокорејскиот вон падна на најниско ниво во последните две години.

Вредноста на валутата падна на 1.430,82 вон за долар, што е најниско ниво од октомври 2022 година.

– Ова е предизвикано од неизвесност… еден од оние потези ‘прво пукај, потоа поставувај прашања’, изјави Кристофер Вонг, стратег за девизни курсеви и камати во ОЦБЦ во Сингапур. – Со оглед на недостигот на информации, неизвесноста може да продолжи да го држи корејскиот вон под притисок во блиска иднина, додаде тој.

Јужнокорејската војска соопшти дека ќе ја одржува воената состојба додека не ја укине претседателот Јун Сук Јеол, и покрај тоа што националниот парламент гласаше против спроведување на декретот.

Тоа уследи по судирите меѓу демонстрантите и безбедносните сили кои се обидоа да го забарикадираат Националното собрание.

Претседателот на Националното собрание на Јужна Кореја претходно соопшти дека јужнокорејските војници ја напуштаат зградата на парламентот.

Војниците влегоа во зградата веднаш по прогласувањето на воена состојба од страна на претседателот.

Пратениците гласаа против декретот за воена состојба што го најави претседателот Јун Сук Јеол.

Сите присутни 190 пратеници од вкупно 300 во Парламентот гласаа за поништување на мерката.

Функционерите на Обединетите Нации ја следат ситуацијата во Јужна Кореја „многу внимателно и со голема загриженост“, изјави денеска портпаролот на ОН Стефан Дижарик.

Јужнокорејската војска претходно соопшти дека ќе ја одржува воената состојба додека не ја укине претседателот Јун Сук Јеол, и покрај тоа што националниот парламент гласаше против спроведување на декретот.

Претходно беше јавено дека јужнокорејските војници по гласањето во Парламентот ја напуштаат зградата на собранието, а тоа го потврди и претседателот на Националното собрание на Јужна Кореја.

Војниците влегоа во зградата веднаш по прогласувањето на воена состојба од страна на претседателот.

извор МИА

фото скриншот Х

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ