Промоцијата на проектот „Општество без граници“ и на „Граѓанската повелба“, ЦИВИЛ – Центар за слобода ја продолжи на градскиот плоштад во Охрид, во саботата, на 29 април, напладне, со инфо штанд, фото и видео петиција, како и со потпишување на поддршката на „Граѓанската повелба“.
Само неколку часови подоцна, активностите на екипите на ЦИВИЛ, продолжиja во центарот на Струга, каде, исто така, беше поставен инфо-штанд, на кој граѓанките и граѓаните се информираа за Повелбата и ја поддржаа со потпишување или со фото и видео петиција.
Утрото во саботата, тимот на ЦИВИЛ, ги започна активностите во Ресен, каде со претставници на граѓанското општество разговараше за социјалната правда, за маргинализираните групи граѓанки и граѓани, за сиромаштијата и за еколошките проблеми.
Со претставници на граѓанското општество се разговараше и во Струга и во Охрид, на темите – загадување, узурпирање на јавниот простор, сиромаштија и иселеништво.
Проектот „Општество без граници“, ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата „Heinrich Böll“ – канцеларија Сараево.