„Браќа Македонци, чукна светиот час за одбрана на нашата татковина. Промената на името е крај за македонскиот народ! Промената на името е смрт и истребување за нашиот македонски народ! За мал народ како македонскиот, промената на името значи наше исчезнување како народ! Промената на името буквално значи културен холокауст и апоколипса за македонскиот народ“, стои во повикот за денешниот протест на Тврдокорните и МОС, во 18 часот пред ЕУ Инфо-центар.
Самонаречените патриотски организации Македонски обединети сили и Тврдокорни ги повикуваат сите организации, бранители, навивачки групи, членови на сите политички партии кои не се согласуваат, според нив „националното предавство“, во секој во кого тече патриотска крв да се придружи на протестот.
„Денес се соочуваме со најголемата опасност во последните 4000 години – дали ќе преживееме како народ или ќе бидеме истребани? Ова е борба на живот или смрт! Ова е биттка на се или се – или се што имаме ќе спасиме, или се ќе загубиме! Нека врне колку му душа сака… Нека биде ладно колку му душа сака. Ако можеле Комитите и Војводите заедно со селаните да одат по планините и да се борат за Македонија со нивните животи можеме и ние! Нема сила што ќе не застане за да те одбраниме!“, стои во повикот.
Тие додаваат дека обидот за национално предавство од страна на изродите македонски ќе одговорат со обединување на македонскиот народ и жесток отпор за спас на татковината.
Дехран Муратов