Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне, ќе има повремен дожд, а локално ќе биде и нестабилно, со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од седум до 15 степени, а дневната од 18 до 26 степени. УВ=6.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со локален дожд и услови за ретки грмежи. Температурата ќе се движи од 11 до 25 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи. Во среда процесите ќе бидат поретки и со послаб интензитет, а од четврток условите за нестабилност повторно ќе се зголемат. (МИА)