• Latest
Ерол Ризаов

Простаклукот на предизборната кампања

October 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Простаклукот на предизборната кампања

Колку се виновни Европа, Бугарите, Грците, Албанците, Македонците и другите домашни велепредавници, за сите наши неуспеси и успеси е најсилниот впечаток од предизборната кампања за комунални избори

October 7, 2025 12:42
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, СТАВОВИ
Ерол Ризаов

Ерол Ризаов

Share on FacebookShare on Twitter

ЕРОЛ РИЗАОВ

Најсилниот впечаток од досегашната предизборна кампања за локалните избори што ќе се одржат за десетина дена е  простаклукот на веќе прогласените апсолутни победници. Импресивни се обвинувањата за тоа кој повеќе е корумпиран, кој повеќе  крадел и лажел и колку се виновни Европа, Бугарите, Грците, Албанците, Македонците и другите домашни велепредавници, за сите наши неуспеси и успеси.

Ветувањата за чиста, убава, успешна и богата Македонија, како рајска градина, влегуваат автоматски во доменот на лагите. Мнозинството граѓани прелажани со истите ветувања „илјада“ пати, иако добро знаат дека од Потемкиновите села ќе останат само кулисите за кои ќе се потрошат стотици милиони евра позајмени пари, што ќе ги враќаат нашите деца и внуци, и натаму сакаат да слушаат и да веруваат во бајки.

Колку пати досега сте слушнале за изградба на големите брани и езера Калиште и Чебрен, за Вардарска Долина, за пловен Вардар до Егејското и Црното Море, за изградба на болници и голем клинички центар, за автостради, за брзи пруги, за гасоводи и нафтоводи, канали за наводнување,за канализации и водоводи во секој град и село, за чиста човекова околина, за паметни градови, за депонии по светски стандарди, за трамваи и електрични автобуси, за училишта каде на децата ќе им биде достапна најсовремена  образовна дигитална технологија и вештачка интелегенција која ни ја приредуваат природни бездарници…

Тука мора да престанам да набројувам оти ако продолжам со сѐ што ни ветиле во овие 34 години независност ќе ни требаат десет томови пишани документи за цела една библиотека од предизборни лаги, ако ги вклучиме и тие од парламентарните и од претседателските избори кои не се разликуваат многу, иако комуналните и парламентарните и претседателските избори се суштински различни, ама лагите се исти.

Еве, да видиме само од овде набројаното што е досега остварено. Браните и езерата на Црна Река, Чебрен и Галиште, Вардарската долина и пловен Вардар се синоними на вечна лага со која се стимулира фантазијата на гласачите. Десетици распишани и поништени  тендери, проекти, физибилити студии, јавни расправи и текстови зошто може, или не може тоа да се оствари. И толку, тука приказната завршува.

Ќе градиме и кинески sид

Изградбата на современ и голем Клинички центар, регионални  болници и обнова на целиот здравствен систем е исто така приказна за Гинисовата книга на рекорди како успешно можат постојано со години да се излажат граѓаните. На крајот оваа бајка може да заврши со стотина донесени закони за подобро здравство. Што е најлошо, по некоја деценија може навистина да биде изграден Клинички центар со потрошени милијарди евра, ама без доктори и медицински персонал кои драматично брзо се иселуваат, поточно, бегаат во странство, или во домашните приватните клиники најмногу поради неподносливата убавина, прекрасните услови за работа и високите плати во државното здравство. Продолжува да расте вносната трговија со смртта за редовните плаќачи на придонесите за бесплатно здравство.

Брзи пруги, современи автостради, нафтоводи и гасоводи можно е нешто од тоа и да се доживее, бидејќи сѐ  во изградба повеќе од 15 години. Актуелната власт тоа веќе го прославува како нивни голем успех. Кој ќе се вози ќе раскажува за македонскиот кинески sид, се разбира не за должината, туку за времето на градење во период од три генерации и за цената повисока од кајганата на Св. Петар. За нафтоводите и гасоводите ќе почекаме уште некоја деценија.

Каналите за наводнување за рајската градина и рентабилно земјоделство, исто така ќе бидат изградени пред да пресушат реките и откако ќе се опустошат нивите и исчезнат последните селани и кога целосно ќе бидат затрупани како диви депонии веќе изградените канали. Атмосферски и фекални канализации и водоводи ќе има нешто повеќе од септички јами за помалку од 20 години. Тоа ќе биде голем успех кога повеќе од половина Македонија ќе има здрава вода за пиење, до тогаш од ограбените извори ќе плаќаме чиста вода по цена повисока од барел нафта. Можете и сега да ја пресметате цената на 157 литри флаширана вода со цената на нафтата на светските берзи. Речиси и нема разлика.

Читај како пародија или трагедија

За висока еколошка свест и заштитена човекова околина со чист воздух и обновените шуми од пожарите бидете без гајле, тоа не е само наш проблем, туку светски. Шумите горат за неколку дена, а растат сто години. Кога тогаш ќе бидат обновени, а штом светот го реши ова прашање, автоматски ќе биде воздухот чист и кај нас. До тогаш и нашите градови ќе станат паметни ќе има и трамваи и електрични возови и метро, ќе има и автомобили што ќе летаат. Нема да има застој во сообраќајот и онака ќе бидеме помалку од еден милион, главно пензионери.

Со депониите ќе нема проблем. До тогаш ќе изгорат сите ако успешно го задржиме ова темпо на пожари, а ќе има и помалку ѓубре штом ќе има помалку од еден милион народ по најавата на премиерот Христијан Мицкоски. Му верувам дека добро пресметал колку се раѓаат и умираат годишно и колку си заминуваат во странство.

Најлесно ќе биде да се воспостави извонредно успешно образование на децата со најсовремена дигитална технологија и вештачка интелегенција. Деца ќе има сѐ помалку, па така неместо по 30 во училница, ќе има само по неколку на кои наставниците ќе можат да им обрнат поголемо внимание. Дотогаш ќе нема потреба и од учебници, па така ќе биде решен и тој проблем со мобилни наочари и компјутери кои знаат сѐ, па нема ни потреба од учење.

Корупција и криминал ќе нема бидејќи ќе нема што повеќе  да се краде. Автоматски ќе нема потреба и од медиуми да ја матат работата, а ни од владеење на правото и од правосуден систем. Што ќе ни се медиуми кога рецептот како да се направи лажен ајвар е стопати почитан од заложбата на 43 нобеловци за враќање на демократијата во светот што ни ја приопштува нобеловецот Џозеф Штиглиц. Ќе бидеме рамноправна членка на ЕУ штом таа ќе се распадне.

Текстот можете да го читате како пародија, или трагедија на една држава во зависност од тоа ако сте неинформиран оптимист, добро информиран песимист, голем патриот или предавник.

Ако, пак, ви е сеедно, тогаш ништо.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Независен.мк.
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ