Протест на жителите на Шуто Оризари, студентите и средношколците поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје
Пред канцелариите на Град Скопје попладнево се одржува протест поради состојбата со јавниот превоз и недостиг на автобуси во главниот град.
Во Скопје два дена не сообраќаа автобуси поради тоа што ЈСП Скопје немаше нафта. Возеа само триесетина автобуси од кои 25 возат на гас. Состојбата неше надмината откако Владата донесе одлука на ЈСП да му се даде нафта за седум дена од државните резерви.
Пред Град Скопје своето незадоволство го искажуваат жители на Шуто Оризари, организирани од градоначалникот Курто Дудуш, Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија, а со барање за нормализирање на јавниот превоз излегоа и студентите од УКИМ.
Тој вели дека градоначалничката и надлежните од Град Скопје ја изгубија реалноста со седењето во канцеларии и не ја знаат потребата на граѓаните.
„Доколку не се реши проблемот со јавниот превоз ќе протестираме секоја недела“, вели Дудуш.
Студентите и средношколците исто така побараа редовен јавен превоз за да може навреме да одат на часови и да си заминат дома по завршување на часовите.
Видео: МИА