• Latest

Процесот на евроинтеграции е жив, само да се тргне билатерализацијата, вели Муртезани

June 30, 2025
Фото: Скриншот од вифро на CNBC Television

Ворен Бафет донираше рекордни 6 милијарди долари акции од Беркшир на добротворни организации

June 30, 2025

Евробарометар: Над 81 отсто од Европејците поддржуваат постигнување климатска неутралност во ЕУ до 2050 година

June 30, 2025
Фото: Андриј Сибиха / Х

Сибиха до словачкиот колега Бланар: Русија ќе те удри и по другиот образ

June 30, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

June 30, 2025

„Безбедно во лето – вози одморен“, превентивна кампања на МВР и РСБСП

June 30, 2025
Сашо Орданоски
Фотографија: Роберт Атанасовски/ЦИВИЛ

Сашо Орданоски за ЦИВИЛ: И годинава не е на повидок завршување на војната во Украина, а Русија во наредната деценија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО

June 30, 2025
Фото: Скриншот од Х видео

Фон дер Лајен: „Компромис од Севиља“ за затворање на инвестицискиот јаз за развој на светот

June 30, 2025
Фото: Скриншот од видео на Kanal13

Русија привремено го затвори Кримскиот мост поради експлозии во Керч

June 30, 2025
Белград, протести. Фото: Скриншот

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за ситуацијата во Србија?

June 30, 2025

Пуштена во употреба делницата Фариш – Дреново од експресниот пат А1, дел од коридорот 10д, се скратува времето за патување од Градско кон Прилеп, Битола, Ресен

June 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Процесот на евроинтеграции е жив, само да се тргне билатерализацијата, вели Муртезани

June 30, 2025 12:03
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Централна тема на денешната билатерална средба со еврокомесарката за проширување Марта Кос ќе биде Планот за раст, меѓутоа на секој состанок со високите претставници од Брисел секако дека разговараме и за изнаоѓање на можни решенија, притоа за зачувување на нашите позиции и обезбедување на процесот на евроинтеграции до крај, така што очекуваме дека и таа тема ќе се отвори на денешната билатерална средба, изјави министерот за европски прашања Орхан Муртезани, одговарајќи на новинарски прашања, на денешната прес-конференција по повод една година Влада.

Во однос на пораките од еврокомесарката Кос, Муртезани рече дека не може хипотетички да одговори, но дека „се што води во насока на дијалог што ќе значи предвидливост во процесот на преговори за нас е добредојдено“.

-И премиерот лично и Владата во неколку наврати сме изразиле подготвеност да го почнеме тој процес на дијалог, кој што ќе води до откочување на процесот, изјави Муртезани.

Прашан околу спорот со Бугарија и политичката блокада, Муртезани рече дека процесот на интеграција на земјата во ЕУ не е само бугарското вето, посочувајќи дека има многу сегменти и продолжува.

-Процесот не е блокиран, тој е жив, има многу сегменти и продолжува. Бугарското вето подразбира пречка за отворање на преговорите според преговарачката рамка. Тоа што ние се фокусираме во Планот за раст е бидејќи ЕУ преку оваа рамка им овозможува пристап на граѓаните на Западен Балкан кон услуги кои ексклузивно биле само за земји членки на ЕУ. Затоа, без да станеме членка граѓаните на земјите кандидати може да бидат дел од овие поволности, изјави Муртезани.

Во однос на барањето решенија и отворање на преговорите, Муртезани посочи дека нашата држава секогаш покажувала спремност.

-Но, за жал тенденцијата на билатерализација ги потврдува, нашите ставови дека билатерализацијата ќе продолжи и понатаму, изјави Муртезани.

Муртезани, уште една посочи дека како Влада не се плашат од никакви барања, туку тие нови барања да не бидат билатерални и да не се претвораат во блокади.

-Кога ги слушаме високите претставници од Брисел, тие велат спроведувајте ги уставните измени. Кога ги слушаме претставниците од Бугарија, тие велат уставните измени, преговарачката рамка, протоколите. Ова значи дека не е истиот став. Ние велиме, дека ако се инсистира на сите овие на кои инсистира Бугарија, а вклчувајќи го и вториот протокол, тоа е голем ризик, оти ако внимателно го читаме протоколот, гледаме таму се е билатерализирано и сите тие чекори во иднина може многу лесно да се претворат во блокади, изјави Муртезани.

Во однос на протоколите од Договорот за добрососедство со Бугарија, Муртезани рече дека клучниот проблем е унитералната позиција на Бугарија, која што се претвара во заедничка позиција на ЕУ.

-Унилатералнат интерпретација на сите тие документи на Бугарија е преку призмата на билатерализација. Ние сметаме дека за сите тие документи, кои што дел се во преговарачката рамка, а дел не се, со тргање на диоптријата на билатерализација може да се најде начин ние да се движиме напред, меѓутоа ако се инсистира на сите тие документи да се гледа исклучиво од билатерална диоптрија, мислам дека ќе останеме блокирани и понатаму, изјави Муртезани.

Според Муртезани, не значи дека ако имаме завршена преговарачка структура, таа ќе чека се додека не се изнајде решение со Бугарија, посочувајќи дека државата веќе ги има добиено сите шест извештаи од скрининг процесот и структурата за преговори која е надлежна ќе ги земе и дава насоки на институции за спроведување на потребните реформи, пренесе МИА.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Едногодишен помен

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ