• Latest

Процесот продолжува во Парламентот, ставовите непроменети

October 11, 2018

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Процесот продолжува во Парламентот, ставовите непроменети

October 11, 2018 09:53
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието почна претресот по предлогот за пристапување кон измена на Уставот. Првата седница на Комисијата за уставни прашања се одржа вчера. Позициите не се променија. И мнозинството и опозоцијата останаа на своите ставови. Едните дека е ова е неповторлива шанса, а другите процесот е неуставен. Продолжение е закажано за утре во 14 часот.

– Сега е време сите што се за НАТО и ЕУ да ги поддржат измените и заедно, исклучиво заедно да ја однесеме Македонија напред, порача  премиерот Зоран Заев на седницата на собраниската Комисија.

Тој изрази верба за можен успешен процес во Собранието за уставни измени и членство на Македонија во ЕУ и НАТО.

– Ако е и ВМРО-ДПМНЕ „за“ ајде да ги донесеме одлуките. Добивме држава признаена од сите. Имаме признанен идентитет, порача премиерот Заев.

Според него успешен референдум значи и мнозинство и консензус и дека во овој случај мора да се земе предвид изразената волја на излезените 600 илјади граѓани.
– Мораме да донесеме одлуки. Шансата е неповторлива. И Мицкоски и  Иванов знаат дека информирав за секој телефонски разговор во процесот на постигнувањето на договорот. Некој мораше да донесе одлука и го направив тоа. Преземете и вие одговорност и да ја обезбедиме државата,  рече премиерот.
Пратеnиците од мнозинството дадоа поддршка.
Пратеничката Соња Мираковска од НСДП истакна дека ќе ги поддржи уставните измени и ги повика своите колеги од опозициската ВМРО-ДПМНЕ да го сторат истото.
На храброст и заеднички да се донесе одлуката повика пратеникот од ДУИ Артан Груби.

– Ајде помогнете заеднички. Ние сме пред одлука која треба да ја гледаме како политичари или лидери. Дали ќе гласаме за следните генерации или за следните избори. Јас и моите истомисленици особено тие од ДУИ знаеме точно што им треба на следните генерации безбедна држава, рамо до рамо со Вашингтон и Брисел, рече Груби.

Порача дека денес и деновите пред нас се денови за храбрите пратениците.
– Стравот е изолација, а храброста е интеграција. Убеден сум дека ќе се убедиме самите себе си дека ова е единствениот пат за нашата Македонија, истакна Груби.
Во текот на дебата Трајко Вељаноски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен претседател на Собранието му порача на премиерот Заев дека нема двотретинско мнозинство за уставни измени и дека менувањето на Уставот е спротивно на мнозинската волја на народот.
За Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ ова е важно прашање и дека треба да се постапи онака како што разумот и срцето зборува колку тоа и да е тешко.
– Веројатно ова е една од точките во животот кој што секој од нас присутен во оваа сала ќе ги памети и ќе ги раскажува на следните поколениија како се поставил во одредена ситуација, можеби и најбитната во животот како предизвик и оттука мораме да постапуваме онака како што разумот и срцето ни зборува колку и да е тешко, колку и да имаме лични судири во своите убедувања едноставно мораме да постапуваме така како што размислуваме, истакна Димовски.
Според него одлуката СДСМ сама да влезе во овој процес е одлука која што го погреба овој процес преку неколу елементи. – Одлуката да пристапи без учество на ниту еден претставник од опозицијата, да се потпише договорот пред да и се покаже на опозицијата и одлуката на СДСМ без ВМРО-ДПМНЕ да распише референдум, појасни Димов.
– Ваков стратешки договор без политичка поддршка од двете македонски идеолошки крила е невозможно да живее, потенцира Димовски.
Порача дека решението е заедништво, единство и консензус и враќање на состојбата со Резолуцијата едногласно утврдена во 2008 година.
Фадил Зендели од движењето Беса посочи дека двавата македонски блока треба да најдат решение во однос на ова прашање, истакнувајќи при тоа дека, ова не значи дека ова прашање не е значјано и за Албанците.
– Сите прашања се во интерес на сите граѓани и Република Македонија треба да се гради како модерна демократска земја, рече Зендели посочувајќи дека треба да се уреди прашања во Уставот кој се однесува на рамноправност на албанската етничка заедница во Македонија, употребата на јазикот и националните симболи.

Сурија Рушити од Алијанса на Албанците потенцира дека го поддржуваат процесот на интеграција во ЕУ и НАТО, но оти тоа треба да оди заедно со внатрешна кохезија во Република Македонија.

И тој како и Зендели, посочи на постигнување целосна рамноправност на Албанците и употребата на албанскиот јазик.

Поддршка да се гласа побара Костадин Костадинов од СДСМ, а Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ побара откажување од договорот.

Во расправата се вклучи и министерот за надворешни работи Никола Димитров кој рече дека на референдумот ќе имаше чиста ситуација доколку имаше гласови „против“.

– Ќе го затворевме ова крупно поглавје. Бидејќи народот нема одлука, се враќа назад во Собранието. Но зошто треба да се оди напред оти народот, односно 609 илјади рекле „да“, рече Димитров.

По предлогот за пристапување кон измена на Уставот во Комисијата, согласно член 196 од Деловникот, може да трае најмногу десет работни дена. Член на Комисијата за уставни прашања и пратеник во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути. Претставникот на предлагачот во претресот може да говори повеќе пати, но не повеќе од 30 минути вкупно. (МИА)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ