Портпаролот на германскиот канцелар, Фредерик Мерц, штотуку потврди дека Мерц, францускиот Емануел Макрон и британскиот Кеир Стармер разговарале со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рано утрово, пишува Гардијан.
Во соопштението, објавено на германски јазик, се вели дека лидерите ја потврдиле својата „непоколеблива и целосна поддршка за Украина на патот кон траен и праведен мир“.
Лидерите, исто така, „ги поздравија напорите на САД за прекин на војната во Украина“, вклучувајќи ги и предлозите за потврдување на суверенитетот на Украина и обезбедување „робусни“ безбедносни гаранции, и имаат намера дополнително да „се координираат тесно“ по ова прашање.
Но, тие, исто така, истакнаа дека ќе „продолжат да ја следат целта за заштита на виталните европски и украински интереси на долг рок“, нагласувајќи дека сегашната линија на контакт треба да служи „како почетна точка“ за каква било територијална дискусија.
Но, клучно е што тие исто така забележаа дека секој мировен договор „што влијае на европските држави, Европската унија или НАТО бара одобрение од европските партнери или консензус меѓу сојузниците“.












